Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ХЕРОЈ: 19-годишниот Јован Костадинов од Виница спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ХЕРОЈ: 19-годишниот Јован Костадинов од Виница спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка
МАКЕДОНИЈА

ХЕРОЈ: 19-годишниот Јован Костадинов од Виница спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Објавено March 20, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот херојски подвиг, откако беше објавено на социјалните мрежи дека успеал да спаси 21 дете.

„Со голема благодарност и емотивна почит, би сакала да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“, напиша една мајка на социјалните мрежи.

Таа го опишува Јован како вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикувал својат живот за да спаси туѓи животи.

„Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца“, додава мајката.

И други лица кои го познаваат, јавно го фалат херојството на ова младо момче.

„Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш, многумина можат да ти позавидат и тоа сосема оправдано. За твојата храброст, хуманост, емпатија, не постои ниту едно мерило, ГОЛЕМ човеку. Горда, прегорда сум на тебе душичко наша. Заслужуваш орден Јован. Дојде од Виница само за да ги спасиш твоите другари и секој еден присутен, само по допрен глас. Го ризикуваше сопствениот живот, за да спасиш туѓи. Поклон до земја… Учител на сите нас. Јован злато од дете!“, се вели во друга објава.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица, а 190 се повредени и хоспитализирани во домашните здравствени установи и во повеќе странски држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
Следна Статија (Видео) Клучната руска воздухопловна база во пламен, Украинците го извршија најжестокиот напад од почетокот на војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група.…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако некој знае каде се наоѓа Груби, се надевам дека ќе биде повикан во Обвинителството

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?