Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра

Објавено January 24, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Она што го затекнав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како тим уште веднаш отпочнавме со промена на неколку неправилности, омаловажувања во делот на работниците. Скратување тендерски набавки, сите јавни набавки условите ги симнавме најмалце за 50% за со тоа да ја зголемиме конкуренцијата и намалиме цената, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на СОЗР Ивица Томовски во вчерашното гостување на телевизија Алфа.

Томовски продолжи и додаде:

„Јас бев свесен дека со таквиот мој чекор ќе паднам одма во очи на оние големи бизнисмени кои досега си ги добивале тендерите на максимална вредност, потплаќале некој во минатото што тоа нема да биде случај сега, ни во иднина додека раководам со таа институција“, вели Томовски.

Томовски посочи дека како директор на СОЗР има за цел да го заштеди буџетот на државата.

„Мојата цел како човек што е ставен на таа работна позиција е да го заштедам буџетот на државата. Со заштедување на буџетот на државата го заштедувам вашиот и мојот буџет и буџетот на граѓаните, а не на некоја приватна компанија“, укажа Томовски.

Томовски во врска со тендерот за обезбедување истакна дека направил олеснување на условите за 50%.

„Во врска со тендерот за обезбедување јас направив олеснување на условите за 50%, зголемена конкуренција и заштеда за државниот буџет од пола милион евра. Кога сме кај овој тендер во 2021 година имало само еден понудувач за обезбедување кој добил на максимална вредност“, дециден е Томовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
Следна Статија Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, вели министерката Весна Јаневска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

 Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Света архиерејска литургија во „Стоби“ на 31 мај во чест на Првиот вселенски собор

Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК повикува на транспарентност при донесување на измените на Законот за јавни набавки

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки,…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?