Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
ЗДРАВЈЕ

Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани

Објавено March 17, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Македонија, изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS.

– Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во Холандија на лекување, изјави портпаролот, пренесува НЛ Тајмс. -Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија, појасни претставникот.

Дополнително, во тек се разговори за можноста холандски лекари и медицински сестри да отпатуваат во Македонија за да помогнат, изјави Пол ван Зујлен, пластичен хирург и директор на центарот за изгореници во Бевервајк, за RTL Nieuws. Според него, сè уште нема многу информации за состојбата на жртвите, но очекува сериозни повреди. – Фактот дека веќе има речиси 60 загинати зборува доволно. Ова морало да има огромно влијание и врз останатите повредени, потенцира хирургот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Пожарот во дискотеката настанал од употребата на пиротехнички средства
Следна Статија Градоначалникот на Кочани Папазов си даде оставка поради морални причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Македонско признание за болницата „Пирогов“ во Софија за лечењето на пациентите од Кочани

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси-Поповска, ѝ врачи признание на познатата болница „Пирогов“ која учествуваше во спасување на најтешко повредените…

February 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

Зошто после јадењето никогаш не треба да се туширате со топла вода?

Иако може да изгледа како пријатен начин за опуштање, туширањето со топол туш веднаш по оброкот може негативно да влијае…

November 21, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип останува приоритет на Владата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицксоки нагласи дека Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип и таа…

January 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Протеин повлечен од продажба во Хрватска, го има ли кај нас?!

Поради присувство на метални честичким, повлечен е прашокот Whey Protein со вкус на чоколадо во пакување од 30 грама и…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?