Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба
МАКЕДОНИЈА

Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба

Објавено March 16, 2025 11:49
Сподели
Сподели

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, соопштија од Министерството за здравство.

Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените“, велат оттаму.

Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани 45 пациенти, во Општата болница во Кочани 30 пациенти, во Св. Наум Охридски 29 пациенти, во 8 Септември 17 пациенти, на КАРИЛ 16 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија 11 пациенти, а на Детската хирургија 4 пациенти.

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба – Детска хирургија – 3, КАРИЛ – 7, Градска општа болница – 5, Стара Градска – 3“, велат од МЗ.

Министерот за здравство Арбен Таравари заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега, посочуваат од МЗ.

Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените. Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош“, велат од МЗ.

Истовремено, оттаму соопштија дека дополнителни информации за состојбата на пациентите може да се добијат на телефонскиот број 071226764 за ГОБ 8 Септември, 070387115 за Клиничкиот центар и 075203026 за Св. Наум Охридски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици
Следна Статија Пронајден е фудбалерот на Шкупи по кој се трагаше по пожарот, со изгореници е во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се…

July 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Светска банка: Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 македонски граѓани

Загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Савески – Костадиновски: Владеењето на правото бара дела, не декларации

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска оствари работна средба со Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. На средбата беа…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Отворено ново балистичко стрелиште за помодерна и поефикасна форензика

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?