Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска воведува нови правила за сезонските работници од странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хрватска воведува нови правила за сезонските работници од странство
БАЛКАН

Хрватска воведува нови правила за сезонските работници од странство

Објавено June 4, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Во пресрет на летната туристичка сезона, кога хрватскиот угостителски и туристички сектор интензивно се отвора за сезонски работници, меѓу кои и голем број од Македонија, Хрватска воведува значајни законски промени кои ќе влијаат на начинот на вработување и условите за работа на странските сезонски работници.

Од април 2025 година, сите агенции што посредуваат во доведувањето странски работници, особено од регионот, ќе мора да се придржуваат до нови построги законски правила согласно новиот Закон за странци. Овој закон има за цел да го регулира секторот за привремено вработување и да ги зајакне правата на работниците од странство.

Адвокатите од хрватската канцеларија „Стојковиќ“ појаснуваат дека со новите прописи се укинува принципот „доведете ги, сместете ги и видете што ќе се случи“. Работната дозвола ќе се издава само за конкретен работодавач, а секоја промена на работното место ќе бара нов административен процес. Ова значи дека сезонските работници нема да можат повеќе да се префрлаат од една компанија во друга преку иста агенција.

Една од клучните новини е воведувањето споделена одговорност меѓу агенциите и компаниите кои ангажираат странски работници. Во случај на нерегуларности – како неисплата на плати, неприфатливи услови за сместување или прекршување на работното време – и агенциите и компаниите ќе одговараат еднакво. Казните ќе бидат финансиски, а во потешки случаи ќе следува и забрана за понатамошно ангажирање странски работници.

Дополнително, законот ја нагласува еднаквоста на правата на странските работници. Без оглед на тоа што се привремено вработени преку агенции, тие мора да ги имаат истите права како и вработените на неопределено време во домашните компании – исти плати, услови за работа и домување, како и право на одмор и слободни денови. Привремениот договор повеќе нема да биде оправдување за послаб третман.

Новите правила бараат агенциите да одржуваат прецизна и ажурирана евиденција за своите работници и да ги пријавуваат до надлежните институции, при што непријавените работници ќе се сметаат за сериозно кршење на законот. Несовесните агенции ќе се соочат со строги казни, па дури и со забрана за работа во Хрватска.

Компаниите кои користат услуги од агенции ќе мора да бидат наведени во работните дозволи и да гарантираат дека ангажираните странски работници извршуваат само задачи за кои имаат дозвола. Исто така, тие ќе треба да соработуваат со агенциите при контрола на условите за работа и домување, со што ќе бидат директно одговорни за исполнувањето на законските обврски.

Како дополнителна мерка, од април 2025 година во Хрватска ќе биде воведен задолжителен тест на пазарот на трудот како прв чекор во процесот на вработување странски работници, со цел приоритетно да се овозможи вработување на домашната работна сила пред да се ангажираат странски сезонски работници.

Овие новини ја рефлектираат зголемената посветеност на Хрватска за уредување и подобрување на условите во секторот за сезонско вработување и заштита на работничките права, со посебен фокус на регулација и транспарентност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка
Следна Статија Доведоа шпански репрезентативец: РК Охрид станува сериозна конкуренција на Вардар, Алкалоид и Пелистер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Две девојки во Бугарија скокнале од воз во движење оти ја пропуштиле станицата, едната е во критична состојба

Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички…

August 27, 2025
БАЛКАН

Стотици таксисти ги вратија дома студентите кои пешачеа до Крагуевац

Колона од повеќе стотици таксисти од Белград дојде во Крагуевац за да ги врати студентите кои дојдоа во тој град…

February 16, 2025
БАЛКАН

Европол: Во Белград е уапсен платен убиец (ВИДЕО)

Европол и полицијата на Србија уапсиле вчера во Белград платен убиец, кого криминална организација го ангажирала во јануари 2021 година…

October 17, 2024
БАЛКАН

Како го поминува времето во затвор организаторот на атентатот на Ѓинѓиќ: Без право на љубовна соба, со четири повици месечно

Милорад Улемек Легија (58), кој издржува максимална казна од 40 години во најстрогиот затвор во Србија, т.н Алкатраз во Забела,…

May 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?