Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед
ЗАБАВА

Хрватска ТикТокерка шокирана од цените: 30 евра за една топка сладолед

Објавено June 23, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Популарната хрватска ТикТокерка Нина Скочак го сподели своето прво искуство од престојот на шпанскиот остров Ибица, а видеото брзо стана вирално поради – неверојатно високите цени. „Ова е шок“, вели Нина во клипот објавен на Instagram, во кој открива дека една топка сладолед на Ибица чини дури 30 евра, а шише вода 15 евра.

„Одсекогаш сакав барем еднаш во животот да ја посетам Ибица. Но, никогаш не очекував ваков финансиски шок“, вели таа додека се шета низ улиците на островот.

Нина со пријателите го посетила и познатиот клуб Ushuaïa, каде што за влезница платиле 130 евра. „Водата во клубот е поскапа од коктел. За 15 евра, подобро да се напиеш алкохол отколку вода“, раскажува Нина.

Цените се шокантни и во другите делови од островот: лежалки на плажа чинат околу 100 евра, оброк во ресторан 100 евра по лице, паела за двајца 90 евра, а дури и поскромните ресторани не се под 50 евра. Изнајмувањето автомобил е околу 100 евра на ден, а Нина откри дека нивниот автомобил се расипал само еден час по преземањето.

Најскапо искуство, сепак, било посетата на кабаре каде што – како што вели – „само една топка сладолед чинеше 30 евра“.

И покрај сè, Нина признава дека не се кае: „Ибица ме фасцинираше. Дефинитивно би се вратила повторно“.

На социјалните мрежи реакциите беа поделени – дел ја поддржаа нејзината искреност, а други ја обвинија за „снобизам“ и „живот без допир со реалноста“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кевин Дурент во Хјустон Рокетс
Следна Статија Македонската влада во преговори со Ryanair за можно влегување на нискобуџетниот превозник на пазарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Дубаи го отвора првиот ресторан управуван од вештачка интелигенција

Во ресторанот WOOHOO храната засега ја подготвуваат луѓе, но сè останато – од менито до амбиентот и услугата – е…

July 11, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Северина објави снимка од нејзиниот концерт во Нова Градишка, публиката викаше: „Вучиќ пе*ер“

Северина настапи пред 20.000 луѓе во Нова Градишка во саботата. Таа објави видео од концертот на кое може да се…

August 19, 2025
ЗАБАВА

Гулаб продаден за 400 000 евра- го купил Кинез

Еден од највредните белгиски гулаби, „Нов Ким 3“, беше продаден на онлајн аукција за 400.000 евра, што го прави трет…

November 2, 2025
ЗАБАВА

Акциски попуст за Arc Raiders на PC до 1 декември

Arc Raiders е една од најактуелните игри на пазарот, а сега можете да добиете Steam клуч по поповолна цена благодарение…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?