Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Христос воскресе, за многу години Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Христос воскресе, за многу години Велигден
МАКЕДОНИЈА

Христос воскресе, за многу години Велигден

Објавено April 12, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Дилемите околу точниот час во кој починал Исус Христос кога бил распнат на крстот кои ги предизвикуваат различните наводи во четирите Евангелиа не се единствените во овие свети христијански дела. Евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован даваат и различни податоци за она што се случувало откако Исус бил погребан и за сведочењата за неговото воскреснување кое се случило во неделата. Од овие записи, кои настанувале во периодот од 30 до 60 години по смрта на Исус Христос, може да се видат сосема поинакви податоци врзани за еден ист настан. Главно, тие се врзуваат за тоа колку жени отишле до гробот во кој бил тој погребан, во кој период од денот тоа се случило, па се до тоа што кажал воскреснатиот Исус кога се појавил пред сведоците за да ја потврди победата на животот над смртта и веродостојноста на христијанското учење.

Една, две, три жени…

Така, на пример, евангелистот Матеј наведува дека во неделата на гробот дојдоа две жени „Марија Магдалена и другата Марија“, додека Марко напишал дека имало три жени, претходните две и уште жена по име Саломија. Јован, пак, наведува дека во првиот ден од седмицата на гробот дошла Марија Магдалена, а кај Лука се наведува дека имало повеќе жени.

Потоа, поинакви верзии се даваат и кога се опишува гробот – Матеј наведува дека „ангелот Господов слегол од небото и го отстранил каменот од гробната врата и седнал на него“, а Марко, пак, запишал дека жените на гробот сретнале „млад човек облечен во бели алишта, како седи од десната страна“. Лука, пак, навел дека жените на гробот сретнале „двајца мажи во светли облеки“, додека Јован наведува дека Марија се сретнала со „два ангела во бели облеки како седат таму каде што лежело телото Исусово“.

Од овие сведоштва произлегува дека верзиите се разликуваат и во однос на тоа дали гробот бил веќе отворен или затворен во моментите кога жените во неделата дошле да го посетат гробот и да го помазат телото на Исус Христос.

Спротивни се и верзиите меѓу евангелистите Матеј и Лука во однос на тоа што им кажал Исус на своите ученици кога им се појавил како воскреснат. Матеј наведува дека има порачал да одат „во Галилеја и дека таму ќе го видат“, а Лука запишал дека рекол да „одат во Ерусалим додека не се облечат со сила одозгора“.

– Покрај овие може има неколку детали што се појавуваат само во едно евангелие. На пример, само Матеј спомнува стражари и печат на гробот; само Лука го спомнува разговорот со разбојникот на крстот и само Јован го спомнува Никодим како учесник во погребот – дополнуваше соевремено во разговор Костаке Милков, теолог.

Тој додава дека самиот факт дека секое од евангелието спомнува жени како први очевидци на празниот гроб е голем доказ дека тоа така и се случило.

– Во спротивно, затоа што жените во времето на Исус не биле прифаќани како сведоци, тие никако не би биле поставени во таа улога ако се работи за фикција. Инаку, познато е, и античките и современите аргументи против веродостојноста на описите околу Исусовата смрт и воскресение најчесто ги спомнуваат разликите во известувањата за тоа што точно се случило – објаснува Милков.

Потврда за клучните факти

Но, тој додава, токму овие разлики и недоречености во Новиот завет стануваат најсилните аргументи за веродостојноста на настаните што ги опишуваат. Современите книжевни теоретичари и историчари сесогласуваат дека разликите во опишувањето на еден ист настан всушност на настанот му даваат поголем историски кредибилитет. Во спротивно, очевидно измислените записи се обидуваат да ги изгладат сите можни дискрепанции.

И библичарот Иван Грозданов наведува дека фактот што некој евангелист запишал повеќе случки или детали кои во другите евангелија не се спомнуваат, не е основа за неточност. И обратно: ако некој изоставил некоја случка или детаљ, не значи дека не се случиле.

–  Разликите се од техничка, јазичка или културолошка природа и се разбирливи. Ако имате четворица сведоци на некој настан, секогаш ќе има извесни разлики во тоа, како и со колку детали секој од нив ќе ја опише случката. Но, ако разликите не ги менуваат клучните факти околу настанот, никој сериозен нема да ја прогласи целата случка за невистинита. Фактот што биографијата на Исус Христос ја запишале четворица, а не само еден, и тоа од првата генерација Христови следбеници, само додава кредибилитет за вистинитоста на тоа што го запишале. И токму минорните разлики меѓу нив додаваат кон кредибилноста, зашто, ако беа 100 процентно идентични од збор до збор, тогаш злонамерниците ќе говореа за плагијатизам или нешто слично – потенцира Грозданов

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Разбојник ѝ скинал ланче од вратот на скопјанка на постојка во Центар
Следна Статија Воскреснатиот Исус прво им се јавил на Марија Магдалена и жените кои дошле на празниот гроб, а не на Петар и апостолите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца локални „супер херои“ од Дојран веќе три недели сами го чистат каналот на Ѓавато

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина на својот фејсбук профил сподели статус во кој сподели една необична приказна за двајца локални „супер…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отповикани девет амбасадори меѓу кои и: Жерновски, Рамчиловиќ, Крстевски…

Со одлука на Министерството за надворешни работи, вчера се отповикани неколку македонски амбасадори. Станува збор за: Како причина за нивното…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, попладнево ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе претставува…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначникот на Дубровник се вклучи на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: Ја претстави алатката Око за Дубровник

На денешниот настан Отчет-Саем, четири години работа за тебе на панелот посветен на меѓународна соработка се вклучи и градоначалникот на…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?