Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царина и АХВ – заеднички против сите обиди за криминал со храна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Царина и АХВ – заеднички против сите обиди за криминал со храна
МАКЕДОНИЈА

Царина и АХВ – заеднички против сите обиди за криминал со храна

Објавено December 4, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Ова се конкретните придобивки, договорени со Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

„Безбедноста на храната ни е еден од клучните приоритети. Суштината на Меморандумот е зајакнат и координиран пристап преку размена на информации со што делуваме превентивно во спречување на секој обид за криминал со храна. Секој обид за загрозување на здравјето на граѓаните ќе биде најстрого санкциониран. Истовремено зајакнување на соработката е клучна и за унапредување на делувањето против царински измами со храна. Размената на информации е клучна за сузбивање на ваквите криминални дела преку анализа на податоци, креирање на профили на ризик и преземање на истражни дејствија и фаќање на сторителите”, истакна директорот Николовски.

Директорот на АХВ, Миланов, вели дека потпишувањето на Меморандумот претставува јасна потврда за заедничката определба на двете институции за координирано, современо и транспарентно делување, со цел унапредување на системите за контрола на храната и животните, олеснување на трговијата и приближување кон европските регулативи и стандарди.

“Акцент со Меморандумот ставен е на унапредувањето на системите за следливост на животните и спречување на нелегалната трговија, со што се обезбедува дополнителна заштита на јавните интереси и на благосостојбата на животните. Заедничката акција е чекор напред кон модернизација на институциите, зголемување на довербата на стопанството и обезбедување сигурен и здрав пазар за граѓаните”, вели Миланов.

Агенцијата за храна и ветеринарство донираше и електронски читачи за микрочипови кои се ставени на располагање на царинските службеници при контрола на домашни миленици. На овој начин се јакне капацитетот за идентификација и проверка на сопственоста на животните, особено при премин преку граничните пунктови, што истовремено претставува мерка за спречување на шверц и заштита на здравствено – санитарната безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија во репортажа на СНН травел: Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа
Следна Статија АНКЕТА НА ИПСОС И ИПИС: Убедливо водство од 25-28% на ВМРО-ДПМНЕ пред сите останати партии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците

„Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ирина Трајкоска Стрезоски избрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО

До нашата редакција пристигна фотографии од МРТВ каде што еден од двата лифта не работи пренесува Сител.  Во зграда која…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?