Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците

Објавено March 13, 2026 10:58
Сподели
Сподели

„Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20%, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој закон но еве со Законот за употреба на јазици. Јас разговарав со студентите и тие велат дека во Законот за употреба на јазиците, треба во рок од една година да се хармонизираат сите закони. Ако тоа не се направи, тогаш автоматски се смета дека законите се хармонизирани. Сега доаѓаме до дилемата. Законот за јазици е генерален закон, или во правото lex generalis. Законот за полагање на правосуден испит е специјален закон или lex specialis. Не може по автоматизам со lex generalis, да натсинхронизирате lex specialis“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Ора 24 запрашан за барањата правосудниот испит да се полага на албански јазик.

„Вториот проблем е тоа што господата што го носеа законот за јазици, ги излажаа Албанците и овие деца што сега протестираат. Зошто ги излажаа? Затоа што јасно стои во мислењето на Венецијанската комисија, вика да се напушти билингвалност во правосудниот систем“, дополни Мицкоски.

Тој посочи дека Владата претходно покажала дека нема проблем со употребата на јазиците и во делот на социјалната нега на децата се овозможи воспитувачки да полагаат на својот мајчин албански јазик.

„Тие што ќе полагаат, утре ќе бидат судии и обвинители. Ако Венецијанската комисија ти вели да го напуштиш концептот на билингвалност, поради тоа што може да се доведе до двојно толкување на одредени судски процеси, тогаш за какво владеење на право ние зборуваме? Затоа ние формиравме една работна група во рамките на Владата која работи и анализира дали може законски и уставно полагањето на правосудниот испит да го одвоиме од судењето во рамките на правосудниот систем на државата. Доколку успееме да најдеме методологија и начин, со кој ќе се обезбеди еднаквост на сите кои го полагаат правосудниот испит, а воедно да немаме различни толкувања на судски пресуди поради билингвалност, односно ако прифатиме дека македонскиот е јазик кој ќе преовлада во правосудниот систем, тогаш мислам дека многу скоро од денес ќе најдеме решение. Но повторно ќе кажам, ова е наследен проблем од истите оние кои беа 20 години влада и не успеаја да најдат начин како да го решат“, заклучи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД привремено ги ублажија санкциите за руската нафта поради енергетскиот шок
Следна Статија Поевтинуваат горивата во Србија, Владата ги намали акцизите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

31,16 проценти од запишаните гласачи гласале до 15 часот

До 15 часот на локалните избори своето право на глас го искористиле 31,16 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денес е ПАВЛОВДЕН: Eве што не треба да правите

Павловден — голем христијански празник од летниот циклус кој се слави на 13 јули. Овој ден е Собор на 12…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?