Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани
МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани

Објавено May 4, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Царинската управа во текот на изминатиот месец наплати приходи во износ од 11,7 милијарди денари или 190,4 милиони евра, што е за 7,3 проценти односно 12,88 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година. Ова го соопштија денеска од Царинската управа.

– Притоа приходите од данок на моторни возила се зголемени за 20,5 проценти, од царина за 14,1 процент, а од акцизи за 16,3 проценти.

Вкупно од почетокот на годинава, за четири месеци се наплатени 41,2 милијарди денари или 670,27 милиони евра, што е за 26,5 милиони евра повеќе од лани истиот период – се истакнува во соопштението испратено од Царина до медиумите.

Додаваат дека според директорот на Царинска управа, Бобан Николовски овие средства значат повеќе инвестиции за капитални проекти, за училишта, градинки, болници, патишта, повисоки плати и пензии, за поконкурентна економија.

– Ваквите резултати се должат на зголемени контроли и зголемена тимска работа и делување на ниво на институција, а не на поединци.

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на зачувување на финансиските интереси и стабилност на финансискиот систем преку поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на криминалот и корупцијата – истакнува Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
Следна Статија Мицкоски: Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември

Нивото на водата во Дојранското Езеро е 102 сантиметри под договорениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Водици носи силна порака за верата, за храброста и подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок

Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

101 година од убиството на Тодор Александров

На 31 август 1924 година кај селото Лопово, на Пирин Планина, е убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?