Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата
МАКЕДОНИЈА

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

Објавено February 13, 2026 15:55
Сподели
Сподели

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата, што МИА ја пренесува интегрално.

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Г.Африм Гаши, претседател

Почитуван Г. Гаши,

Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во текот на целата моја професионална кариера, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршував законито, совесно и со најдобра намера.

Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски.

Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет.

На Државната комисија за спречување на корупцијата й посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес.

 

На почетокот на месецов, ДКСК отвори два предмети за нивната колешка Ристовска, за проверка на случаи на судир на интереси и непријавување имот поврзани со Ристовска.

Едниот случај, како што објави Телма, е во врска со фирма на еден од синовите на Ристовска која добивала пари за кампањата за претседателските избори во 2024 година, додека другиот се однесува на наводите дека антикорупционерката во својот анкетен лист не пријавила дека двајцата нејзините синови имаат фирми за маркетинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Енормно загадување на водата во Струга
Следна Статија Професор на Правен факултет Гоце Наумовски предложен за уставен судија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Данела не се појави ниту на една од опожарените депонии

Додека во Скопје горат Вардариште, Дрисла и електронскиот отпад во Трубарево, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска – ја нема,…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски вечерва гостин во „Само интервју“ на Канал 5

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва со почеток од 18:30 ќе гостува во емисијата ,,Само интервју” на…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска календарски ни започнува зимата

Денес во Македонија и на северната хемисфера започнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денеска е недела,…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани

- Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?