Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на биткоинот нагло падна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Цената на биткоинот нагло падна
Blog

Цената на биткоинот нагло падна

Објавено April 7, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот.

Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, на 78.835 долари, откако биткоинот се тргуваше над 80.000 долари во поголемиот дел од оваа година, освен неколку кратки падови под тоа ниво поради нестабилноста од минатата недела. Таа цена е приближно 34 отсто пониска од рекордно високото ниво на биткоинот постигнато во јануари.

Цената на водечката криптовалута обично се движи како цените на акциите на големите технолошки компании, а трговците често ја сметаат за водечки показател за расположението на пазарот, но минатата недела се движеше во спротивна насока од берзата – и покрај падот на берзите, цената на биткоинот се задржа стабилно помеѓу 82 и 83 илјади долари.

Сепак, во неделата навечер, инвеститорите почнаа да продаваат криптовалути, со кои вообичаено се тргува 24 часа на ден, бидејќи очекуваат нов „масакр“ на берзите во наредните денови, откако реципрочните тарифи на Трамп ги зголемија стравувањата од глобална рецесија и ги принудија инвеститорите да бегаат од ризикот.

Американските царини во последните два дена од минатата недела на берзите избришаа 7.460 милијарди долари од пазарната вредност на акциите вклучени во индексот на S&P Global Broad Market, 5.870 милијарди на Волстрит и уште 1.590 милијарди на другите големи светски пазари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје втор на листата по најлош квалитет на воздух помеѓу главните градови во Европа
Следна Статија ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за…

April 7, 2025

4 Things You Didn’t Know HDMI Ports Can Do – SlashGear

HDMI ports can unlock enhanced video modes, auto game mode switching, 4K at 120Hz with VRR, and high-quality audio via…

February 24, 2026
Blog

Германија го менува фокусот – од автомобили кон тенкови, недостиг на експерти за воена индустрија

Во германската индустрија се случуваат големи промени: додека работните места се намалуваат во водечките германски фабрики за автомобили, како што…

March 26, 2025
Blog

(ВО ЖИВО) Мицкоски гостин во Отворено студио ,,100 дена Влада” на МРТВ

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва гостува во „Отвореното студио“ на МРТВ, во присуство на повеќе уредници на национални…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?