Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на златото надмина 3.000 долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Цената на златото надмина 3.000 долари
Blog

Цената на златото надмина 3.000 долари

Објавено March 14, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски тензии и намалување на каматните стапки, заедно со континуираното купување од страна на централните банки.

На физичкиот пазар унца злато во раното попладневно тргување чинеше 3.000,39 долари, што е за 0,4 отсто повеќе од вчерашното затворање на пазарот. Така, неговата цена достигна ново највисоко ниво во петокот откако златото се тргува на берзата, по тринаесетти пат од почетокот на тргувањето.

На американскиот пазар денеска со златото во терминските договори (фјучерсите)се тргуваа по 0,7 отсто повисока цена, по 3.012,90 долари.

Во четвртокот, цените се зголемија за околу 1,6 отсто на физичките и терминските пазари, бидејќи инвеститорите, стравувајќи од економски и геополитички превирања, побрзаа да купат сигурни средства.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави серија царини за поддршка на домашната индустрија, а министерот за трговија Хауард Лутник рече дека се подготвени да ризикуваат и рецесија во името на пресвртот во економската политика. Минситерот за финансии Скот Бесент зборуваше за период на „детоксикација“, а претседателот Трамп вели дека економијата е „во транзиција“.

Канада и ЕУ возвратија на американските царини со еднакви мерки, поттикнувајќи ги стравувањата на инвеститорите од глобалното економско забавување. Вашингтон на тоа се закани со зголемување на постојните царини и на проширување на палета други производи.

Инвеститорите купуваат злато и зошто очекуваат американската централна банка дополнително да ги намали каматните стапки, особено откако податоците од февруари покажаа забавување на инфлацијата. Од септември Fed ги намали каматните стапки за еден процентен поен, а во јануари направија пауза. Трговците очекуваат таа да го продолжи циклусот на олеснување на монетарната политика во јуни.

Поттик за цените на златото се и засилените купувања од страна на централните банки за создавањето залихи.

Според пресметките на здружението на рударски компании WGC, златото поскапе за повеќе од 28 отсто минатата година поради силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии. Централните банки ќе продолжат да купуваат злато оваа година, процени WGC во декември.

Кина купила злато четврти месец по ред во февруари, покажаа податоците на централната банка.

Среброто, исто така, значително поскапе во петокот, со раст од 0,5 отсто на 33,96 долари за унца. За речиси ист процент се зголеми и цената на паладиумот, на 961,91 долари. Платината, пак, падна за 0,9 отсто на 985 долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“
Следна Статија Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Park Chan-Wook to Preside Over 79th Cannes Film Festival Jury – Variety

Park Chan-wook will succeed French actor Juliette Binoche as president of the Cannes Film Festival jury.

March 2, 2026
Blog

Почина легендарната актерка Дајан Китон

Холивудската актерка Дајана Китон почина на 79-годишна возраст. Добитничката на „Оскар“, чија брилијантна кариера траеше повеќе од половина век, почина…

October 11, 2025
Blog

Samsung Z Trifold: Иднината на мобилните уреди која ги брише границите помеѓу телефонот и таблетот

Galaxy Z Trifold навистина е таблет со прикачен телефон. Со вклучениот десктоп режим, тој може да биде единствениот уред кој…

January 6, 2026
Blog

Се гради рекорден тунел под морето од Данска до Германија (ВИДЕО)

Под Балтичкото Море меѓу Данска и Германија се гради рекорден тунел, кој ќе го скрати времето на патување и ќе…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?