Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво
ЕКОНОМИЈА

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво

Објавено April 2, 2026 19:02
Сподели
Сподели

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано ќе се следат и ќе се анализираат.

Ова беше заклучено на денешниот работен состанок во Министерството за економија на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови – Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

-Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените. Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите, се вели во соопштенија од Стопанската комора и Сојузот на стопански комори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија
Следна Статија Затвореници се тепале во Идризово, еден ранет со остар предмет пренесен во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 отсто, а цените на…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП со рекордна наплата во јули: Наплатени 37,4 милиони евра повеќе од лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси…

August 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски со видео порака: Следната година ќе овозможиме субвенции за купување на нови велосипеди

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објави видео со кое најавува нови мерки за унапредување…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?