Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Објавено April 13, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите дека американската поморска блокада на Иран ќе го намали снабдувањето од регионот околу Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар, со нафта се тргуваше по цена повисока за 6,65 долари во однос на затворањето од минатата недела, при што пазарите беа потресени од најавите за американските мерки против иранската нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави поморската блокада по неуспешните преговори во Исламабад, што дополнително ги зголеми стравувањата од ескалација на конфликтот и нарушување на глобалните енергетски текови.

Во извештаите се наведува дека американските поморски сили би можеле да воспостават контрола во Оманскиот Залив и Арапското Море, со што би бил ограничен поморскиот сообраќај поврзан со Иран.

Техеран ја оцени ваквата блокада како „пиратство“ и предупреди дека ќе одговори доколку неговите пристаништа бидат загрозени, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

Според податоците од пазарните анализи, испораките на иранска нафта продолжуваат, но инвеститорите стравуваат дека новите мерки би можеле значително да ја нарушат глобалната понуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маѓар: Унгарскиот народ одлучи да припаѓа на ЕУ и НАТО
Следна Статија Прилепчанец се возел во Неготино со над три промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии

Меѓународен аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид остануваат меѓу водечките аеродроми во регионот, со значителен раст на патници…

April 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

40 општини ќе добијат директна поддршка за локален економски развој

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи…

June 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари

Во јули постигнавме историски успех. Остваривме највисока месечна наплата на приходи во историјата на Царинската управа – 12 милијарди и…

August 2, 2025
СВЕТ

Кинезите се откажаа од купување руска нафта

Големите кинески државни нафтени компании привремено го суспендираа купувањето руска нафта што се испорачува по море откако САД воведоа санкции…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?