Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црна Гора е светски лидер по бројот на милионери кои се доселиле од други земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Црна Гора е светски лидер по бројот на милионери кои се доселиле од други земји
БАЛКАН

Црна Гора е светски лидер по бројот на милионери кои се доселиле од други земји

Објавено August 10, 2025 14:19
Сподели
Сподели

Во светот на најбогатите се случува историска промена – оваа година околу 142 илјади милионери планираат да се преселат, напуштајќи луксузни станови во Лондон или имоти во Франција.

Швајцарија, Соединетите Американски Држави и Обединетите Арапски Емирати и понатаму привлекуваат дел од богатите, но Црна Гора е најбрзо растечки светски центар за милионери.

Според податоците на швајцарската компанија Henley & Partners, бројот на милионери кои се преселиле во Црна Гора лани пораснал за дури 124 проценти.

Во моментов, во оваа држава живеат околу 2.800 милионери, што е значително помалку во споредба со други земји. Сепак, Црна Гора привлекува богати личности преку програмата „инвестиции за државјанство“, позната и како „златен пасош“. Дополнително, според Доминик Волек од Henley & Partners, земјата станува се поатрактивна поради својата близина до Западна Европа и фискалната флексибилност.

„Ниските црногорски даноци, со фиксна стапка на данок на доход и без данок на наследство или подароци, ја прават особено привлечна за зачувување на богатството. Во комбинација со јадранската крајбрежна зона, понудата на луксузни недвижности и привлечниот медитерански начин на живот, Црна Гора станува избор на инвеститорите“, изјави Волек.

Покрај Црна Гора, зголемен број на богати доселеници имаше и во Малта, Полска, Кина, Костарика, Индија и Латвија. Од друга страна, најмногу милионери се иселиле од Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Русија, Бразил, Франција, Шпанија и Германија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Началникот од Демир Хисар разрешен поради непрофесионално однесување
Следна Статија Опожарен пловен објект во Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) “Македонија е грчка“ извикуваше грчката армија на прославата на Денот на независноста

Грчката армија завчера го прослави Денот на назависноста. На видеото што е објавено на мрежата „Х“ се слуша како војнците…

March 27, 2025
БАЛКАН

Пицула: Во сегашната состојба Србија не може да стане членка на Европската Унија

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека ниту еден од клучните политички фактори во ЕУ повеќе нема…

August 21, 2025
БАЛКАН

Апсења во Србија по вчерашните нереди

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на МУП на РС и БИА, засега…

June 29, 2025
БАЛКАН

Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој бил отруен во судот во Хаг. Во…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?