Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сијарто: Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Сијарто: Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот во Србија
БАЛКАН

Сијарто: Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот во Србија

Објавено April 5, 2026 18:33
Сподели
Сподели

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија. Сијарто ги изнесе овие тврдења по седницата на Унгарскиот совет за одбрана.

Сијарто рече дека „оневозможениот терористички напад во Војводина се вклопува во шемата на украинските дејствија“.

Според него, Украинците претходно го дигнале во воздух гасоводот „Северен тек“, го блокирале нафтоводот „Дружба“, со што ги запреле испораките на нафта за Унгарија и Словачка, а во последните недели го нападнале гасоводот „Турски тек“ на руска територија со десетици дронови.

– Тие сакале да го дигнат во воздух „Турски тек“, рече Сијарто, нарекувајќи го тоа „многу груб напад врз суверенитетот на Унгарија и Србија“.

Сепак, тој појасни дека не тврди директно дека Украинците ги поставиле експлозивите, туку дека чинот се вклопува во низа дејствија со кои Украина сака да ги наруши руските испораки на гас и нафта.

Сијарто најави дека унгарскиот дел од гасоводот „Турски тек“, кој ја снабдува земјата со природен гас, ќе биде ставен под воена заштита.

Армијата ќе го штити гасоводот на целиот дел од српско-унгарската до словачко-унгарската граница, оправдувајќи ја оваа мерка со фактот дека нападите стануваат сè почести.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека се пронајдени два големи пакета со експлозиви во близина на клучната гасна инфраструктура во областа на општината Кањижа во северна Војводина, посочувајќи дека српската армија денеска успеала да спречи акција против виталните интереси на земјата.

– Пронајдоа два ранца, два големи пакета со експлозиви со фитили. Имаме и некои други индиции. Разговарав со унгарскиот претседател Виктор Орбан за оваа вест, бидејќи ако имаше прекин на гасот, Унгарија и северна Србија немаше да имаат гас, изјави Вучиќ.

Според него, пронајдениот експлозив бил со разорна моќ што можел да предизвика голема штета

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп со закани до Иран. „Отворете го еб*ниот Ормузски теснец, луди копилиња“
Следна Статија Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини,…

December 11, 2025
БАЛКАН

Црви пронајдени во бајадерата Краш во Хрватска

Во бајадера купена минатата недела во Интерспар во Копривница биле откриени црви. Слична ситуација се случила со бајадера купена на…

October 21, 2024
БАЛКАН

Грција забрани фестивал во Лерин затоа што се пееле и играле македонски песни и ора

Грчките власти минатата недела забраниле фестивал во близина на Лерин само затоа што организаторите планирале да се пеат и играат…

June 22, 2025
БАЛКАН

Македонка била касната од отровна риба „Драгон“ во Грција

Македонка била касната од риба “драгон“ (или змеј) на плажа во Грција. Таа на социјалните мрежи го опиша пеколот низ…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?