Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црногорец кој живее во Лондон дал отказ, почнал да прави ајвар и предизвикал општ хаос: Македонци му помогнаа да си го оствари својот сон (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Црногорец кој живее во Лондон дал отказ, почнал да прави ајвар и предизвикал општ хаос: Македонци му помогнаа да си го оствари својот сон (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Црногорец кој живее во Лондон дал отказ, почнал да прави ајвар и предизвикал општ хаос: Македонци му помогнаа да си го оствари својот сон (ВИДЕО)

Објавено April 12, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Ја напуштил работата и одлучил да се впушти во претприемачките води. Од самиот почеток, неговата идеја била да направи ајвар.

И не би изненадувачки доколку не живееше во Лондон, и тоа што и сега, кога производот сè уште не е официјално лансиран, е голем хит. Неговото име е Филип Зечевиќ, тој е Англичанец со црногорски корени и ова е неговата приказна.

„Минатата година ја напуштив работата за да се насочам кон мојата страст, а овие тегли со ајвар се голем дел од моето патување“, им се обратил Филип Зечевиќ на своите следбеници на Инстаграм во едно од видеата и објаснил дека ајварот е всушност густ сос или намаз од црвена пиперка, кој е исклучително популарен на Балканот.

Првично направил стотици тегли со ајвар и одлучил да ги понуди на своите познаници. Сите кои го пробале ајварот биле воодушевени, па, логично, почнал да размислува за поголемо производство. Но, потоа почнал да размислува подлабоко и сфатил дека тоа е всушност задача поголема од него и дека сепак ќе му биде потребен искусен производител кој знае знае што прави за да произведе поголеми количини ајвар.

View this post on Instagram

A post shared by Philip Zecevic (@phitzee)

Во видеото што го објавил, тој исто така вели и дека направил многу тестирања и конечно пронашол производител во Македонија кој ќе произведува ајвар за него. Направиле неколку стотици тегли ајвар, кој наскоро ќе биде пуштен во продажба во Лондон.

View this post on Instagram

A post shared by Philip Zecevic (@phitzee)

Филип не се сомнева во успехот на својот ајвар

Со оглед на тоа што Филип има повеќе од 400 илјади корисници на Инстаграм, под видеото за почетокот на неговата авантура со производството на ајвар, се наредија многумина кои рекоа дека едвај чекаат да го пробаат неговиот производ, а неколку корисници напишаа дека ајварот им е една од омилените работи што ги пробале во животот. Затоа, разбираме зошто Филип не се сомнева во успехот на неговиот производ.

View this post on Instagram

A post shared by Philip Zecevic (@phitzee)

Интересно е да се додаде дека како креатор на содржина е фокусиран на веганска храна, а својот Инстаграм профил го започнал за да се инспирира. На крајот, тој почна да споделува фотографии и рецепти од храна и собра голем број следбеници. Покрај тоа, приказни за него веќе се објавени во познати изданија, а со Џејми Оливер има соработувано и на неколку проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Авиокомпаниите го укинуваат чекирањето?
Следна Статија Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Девицата ќе има несогласувања со партнерот, Биковите да внимаваат што потпишуваат

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со…

January 13, 2025
ЗАБАВА

Мицкоски се сретна со славниот тенор Доминго

По првата проба од затворен карактер со Оркестарот на Националната опера и балет, веднаш по слетувањето во Скопје, шпанскиот тенор…

March 13, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Џенифер Лопез шокираше со својата облека на настап: „Облечи нешто

Џенифер Лопез (55) минатата недела настапи на World Pride Music фестивалот во Вашингтон, каде што повторно ја покажа својата склоност…

June 12, 2025
ЗАБАВА

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?