Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црногорците секој месец ќе имаат продолжен викенд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Црногорците секој месец ќе имаат продолжен викенд
БАЛКАН

Црногорците секој месец ќе имаат продолжен викенд

Објавено June 28, 2026 14:09
Сподели
Сподели

Во Црна Гора е поднесен предлог на измени на Законот за работни односи со кои секој месец ќе има еден продолжен викенд за работниците. Измените во собраниска процедура ги достави пратеничката група на Демократска Црна Гора, која вели дека има цел понатамошно подобрување на правата на вработените и подигнување на квалитетот на работниот живот во Црна Гора.

Пратеникот на демократите, Душко Стјеповиќ, соопшти дека со предлогот се предвидува вработените да имаат право на слободен петок пред последниот викенд од месецот, што заедно со тој викенд ќе значи и официјално продолжен викенд еднаш месечно.

– Во неделата што му претходи на последниот викенд во месецот, вработениот би имал право на слободен петок, односно на одмор од 24 часа кој се користи во петок, а кој се надоврзува на редовниот одмор од членот 76, со што се добива непрекинат одмор- објаснува пратеникот.

Според него, ова решение претставува современ и одговорен чекор напред во областа на работничките права, насочен кон зачувување на физичкото и менталното здравје на вработените, зајакнување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, како и создавање услови за поголема мотивација и продуктивност на работното место.

Пратеничката група на демократите нагласува дека предложената мерка може да има значајни социјални и економски придобивки преку зајакнување на семејните врски, поголемо учество на граѓаните во културни, спортски и социјални активности, како и дополнително стимулирање на домашниот туризам и локалната економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина погоди фабрика за оружје во Русија, додека Москва започна масовен напад со дронови
Следна Статија Кривична за мајка од Струга: Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Косово го забранува хиџабот во училиштата

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката за забрана на носење хиџаб во училиштата, сметајќи го тоа во согласност со…

November 5, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави огромни зголемувања: Просечната плата ќе достигне 1.174 евра, а минималната плата ќе биде 550 евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави зголемување на минималната плата за 20,1 процент. „457 евра е минималната плата денес во Србија,…

May 26, 2025
БАЛКАН

За српскиот јазик кој го говорат 43 посто од жителите во Црна Гора нема влез во Уставот

Црна Гора се подготвува да ги усвои уставните измени кои ги согласила со Европската Унија. Сепак, ова наиде на негодување…

July 6, 2026
БАЛКАН

Јотова повтори дека Бугарија нема намера да ги спроведува пресудите на Стразбур за „ОМО Илинден Пирин

Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на посилна дипломатија на Бугарија во регионот. Нашето отстапување од влијанието на Балканот не е…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?