Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Обилни дождови предизвикаа зголемени водостоји и поплави на повеќе локации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК: Обилни дождови предизвикаа зголемени водостоји и поплави на повеќе локации
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Обилни дождови предизвикаа зголемени водостоји и поплави на повеќе локации

Објавено November 21, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од ЦУК.

„Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.

Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање на Голема Река.

Струмички регион: Нема пријавени штети; регистрирани се одрони на патниот правец Струмица–Валандово.

Скопски регион: Зголемено нивото на речните корита, но засега без излевања на водотеците од нивните корита.

Велешки регион: Одрони и паднато дрво на два патни правци. Реката Вардар е на многу висок водостој со можност за излевање кај автобуската станица.

Штипски регион: Нема пријавени проблеми.

Охридски регион: Значително покачени водостоите на реките; излевања на повеќе места и ризик за поплавување на поединечни станбени објекти. Активирани се екипи за интервенција во Косел, Опеница и кај Скребатска Река.

Кумановски регион: Нема излевања во Куманово и Липково; се расчистуваат наноси кај с. Коинце.

Кратовски регион: Зголемени водостоји, но без штети. Исчистен е одрон на патниот правец Страцин–Пробиштип.

Тетовски регион: Нема пријавени штети; водостоите се зголемени, но без излевања.

Од УХМР информираат дека денес се очекува променливо облачно време со локални обилни врнежи, можни грмежи и силен јужен ветер над 60 km/h. Температури од 13 до 19 °C; во Скопскиот регион до 17 °C.

Најмногу врнежи се измерени во Претор (66 l/m²), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26).

Забележан е висок водостој на реката Сатеска во Охридскиот регион, со препорака за зголемено внимание.

Сите надлежни институции се навремено известени од страна на Центарот за управување со кризи за сите овие појави и веќе се преземаат соодветни мерки за санација и заштита на населението и инфраструктурата.

Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК“, се вели во соопштението на ЦУК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Panic Button открива детали за подобрувањата на Nintendo Switch игри за новата конзола
Следна Статија Walmart подготвен да ги објави своите квартални финансиски резултати – објаснето што можеме да очекуваме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално: „Годинава што си оди ќе ја…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со поранешниот турски министер за надворешни работи

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски оствари средба со Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден не ѝ се погоди: Арсовска го разреши и директорот на „Улици и Патишта“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, Ванчо Умлевски, објави порталот Скопје1.…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?