Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола

Објавено July 7, 2025 23:14
Сподели
Сподели

Пожарот на територијата на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел, а регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи.

Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.

-Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки. Голема е вознемиреноста кај населението. Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов, наведува ЦУК.

За утре е планирано акциите да почнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 10 јули пристигнува полна месечина во рак – носи среќа на некои хороскопски знаци
Следна Статија Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР со апел: Граѓаните да не тргнуваат кон ГП „Блаце“, сообраќајот е во прекин, пожарот е повторно разгорен

Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, сообраќајот од Скопје до Граничниот премин „Блаце“ е во целосен прекин,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Тим на лекари ќе се грижат и…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството

Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?