Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување во чија суштина се луѓето затвореници

Објавено January 1, 2025 16:20
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека е потребен нов закон за помилување во чиј фокус би биле луѓето затвореници, оти сегашниот смета дека не е системски поставен.

Таа потврди дека била запозната со кривичните дела на неколкуте осудени лица кои се помилувани по повод новогодишните празници.

Се разбира дека знам. Работата е во рацете на Комисијата за помилување. Претходно стигна предлог од Министерството за правда, се видов дури и со министерот за правда. Ми ги опишаа сите случаи и да објаснам за јавноста- кога човек ќе чуе помилување мисли дека некој е целосно ослободен. Овие помилувања главно се однесуваат на три месеци, рече Сиљановска Давкова на новинарско прашање по посетата на припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Според неа, една од основните забелешки на нашиот систем на помилувања или на намалувања на казните е многу кусиот период, затоа што, како што посочи, правото на помилување или на милост е човечко право и се оценува социјализацијата или ресоцијализацијата откако ќе се најдете во затвор. Она што е најважно, вели таа, при помилувањето е судот.

– Ниту Министерството за правда, ниту Комисијата за помилување можат или смеат да играат улога на истражни органи – да се јавуваат во АНБ или АР за да ги проверуваат луѓето. Тоа е работа на судот – значи судијата го креира профилот, досието што доаѓа кај нас. Само судот може да ги проверува фактите и доказите, не ние. За мене најважно е кој и како ја прави селекцијата во затворите – кога ќе побараат или самите затвореници или нивните најблиски намалување на казната и кој го ниже досието. Ако внатре ги немате сите потребни елементи, тогаш ниту Министерството за правда, ниту ние може навистина да имаме вистинска претстава за луѓето. Затоа, велам дека во иднина дури и во рамки на Судскиот совет би можело да се разгледува начинот на кој што судиите ги креираат досиејата за луѓето, бидејќи од тоа зависи како ќе постапуваме ние, потенцира претседателката на државата.

Според претседателката, потребен е нов модерен закон за помилување во кој што суштината ќе бидат луѓето затвореници.

Во однос на тоа дали би требало да се предвиди поголем период од три месеци за помилување, таа додава дека тоа треба да го предложат овластените предлагачи на закони, но вели, можеби е потребно да се преиспита и самата казнена политика.

– Ние не сме имале случај на помилување на луѓе кои биле доживотно осудени или на многу долги казни. Прашањето во Советот на Европа е зошто некому на 70 години да не овозможите да ја види светлината на денот и да си ги види своите. Сите тие прашања и многу други ќе дојдат на дневен ред и тоа ќе биде еден хуман пристап на една одговорна држава која води сметка за сите граѓани, вели Сиљановска Давкова.

Од Кабинетот на претседателката вчера информираа дека по повод новогодишните празници помилувани се седум лица од кои едно потполно, а шест делумно. Шестемина осудени лица се помилувани во траење од три месеци, а едно лице три месеци и четири дена, што кај него доведува до потполно ослободување од извршување на казната затвор.

Комисијата за помилување е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

Сите членови на првата Комисија за помилување што беше формирана од Сиљановска Давкова, поднесоа оставка од функцијата по критиките во јавноста за дел од имињата на листата за помилување кои беа објавени по повод празникот 23 Октомври. Новиот состав на Комисијата беше формиран на крајот на ноември, а го предводи д-р Милка Ристова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти
Следна Статија (ВИДЕО) Николоски: Традиционално – колаж од најзначајните настани во 2024 година!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Теодор Јовески го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје

Теодор Јовески беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита: Софтвер ќе детектира злоупотреби – картичка за купување на македонски производи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави две реформи во сферата на социјалната заштита. Едната, рече, ќе биде изготвување софтверско…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови

Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски.…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спасовски се брани: Никогаш не сум спречил контрола

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше, како што вели, лагите изнесени на…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?