Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
ПОЛИТИКА

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Објавено January 11, 2026 11:41
Сподели
Сподели

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки, оштетувања на патна инфраструктура и евакуација на население, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 9 часот утринава.

Како што стои во соопштението на ЦУК, во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон селото Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ интервенира во населбата Мургашево со проширување на речното корито. Пријавено е излевање на реката кај селото Обедник и меѓу селата Обедник и Смилево, а за состојбата постапуваат Регионалниот центар за управување со кризи и Општина Демир Хисар.

Во Ресен поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини. Нивото на Голема Река е зголемено, а јавните претпријатија и општинските служби интервенираат со пумпи и механизација за испумпување и расчистување. Територијалната противпожарна единица Ресен учествува во испумпување вода од подрумски простории.

Од ЦУК нагласуваат дека во Крушево водата за пиење е заматена и се препорачува нејзино превривање. Реката Црна има зголемено, но стабилно ниво. ЈП „Комуна“ работи на зајакнување на насипите, а се следи состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани. На подрачјето во општина Долнени, во селото Лажани е пријавена штета во двор и приземни простории, додека во селото Пешталево има поплави поради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна механизација.

Во Охрид, реката Сушица е излеана на повеќе локации, при што се поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај селото Вапила, реката Далјан го оштетува патот под мостот, каде се вршат заштитни мерки со механизација. Евидентирано е и свлечиште на патниот потег Лескоец – Скребатно.

Во Струга поплавени се дворови и куќи на Мислешевски пат, како и во селата Мислешево и Калишта. Територијалната противпожарна единица Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација. Општина Струга е известена за состојбата.

Во Дебар, реката Радика има зголемено, но стабилно ниво. Патните правци се проодни, а надлежните служби расчистуваат помали одрони.

Во Кичево, пак, реките Зајашка и Треска имаат зголемени водостои, но се под нивото на излевање. Како критична точка е посочена улицата „Прилепска“. Се расчистуваат каналите и коритото на Зајашка Река со градежна и тешка механизација. Околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде се згрижени од Општината и Црвениот крст на Кичево.

На патниот правец Тумчевиште – Чегране, во реонот на Гостивар и Тетово, има вода на коловозот и патот е оценет како небезбеден. Известени се полициските станици во Гостивар и Чегране, како и Општина Гостивар.

ЦУК информира дека во останатите региони состојбата е стабилна, со зголемени водостои, но без излевања и поголеми нарушувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заедничка изјава за состојбата во Иран
Следна Статија Трамп бара 10% лимит на каматни стапки за кредитни картички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, велат од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не.…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија

Во кампањата за локалните избори ќе нудам решенија за проблемите на граѓаните, кои се презаситени од црни кампањи, вели во…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Денешниот протест на ССМ е измама, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој граѓанин

„Безидејноста и пропаста на СДС одат до таму што застануваат зад секој кој ќе најави протести. Зад денешните протести јавноста…

March 14, 2026
ПОЛИТИКА

Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?