Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
ПОЛИТИКА

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани

Објавено October 3, 2025 17:32
Сподели
Сподели
„Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, при посетата на Општина Бутел, каде разговараше со жителите за долгогодишните проблеми со јавниот превоз.
Шукова кажа дека е свесна за реалноста на жителите од Општината која трае предолго, недостиг од соодветни автобуски линии, ретка фреквенција, пренатрупани автобуси и лоша поврзаност со остатокот од градот. Нивно секојдневие е чекање на автобуси што не доаѓаат, губење часови до работа, училиште или лекар…
„Секоја мајка што со дете чека автобус на сонце, секој пензионер што оди пеш до центар зашто нема превоз, секој млад човек што размислува да се исели тоа е лице на една урбана неправда. И тоа мора да го промениме,“ истакна Шукова.
Како решение, таа го посочи воведувањето на системот БРТ, чија втора фаза го вклучува правецот север-југ и ги поврзува населбите од Бутел со централното градско подрачје. Проектот, според Шукова, не само што ќе ја скрати патната дистанца, туку ќе ја намали социјалната и економската отсеченост на бутелчани.
„БРТ не е само прашање на транспорт. Тоа е прашање на социјална правдина, достапност и еднаков третман за сите скопјани. Бутел мора да добие свое место на градската мапа, не само географски, туку и функционално,“ додаде таа.
Покрај воспоставување на БРТ, Шукова најави и модернизација на возниот парк, нов возен ред, воведување на приоритетни ленти и подобра поврзаност со клучните здравствени, образовни и економски центри во Скопје.
„Не зборуваме за луксуз, зборуваме за основни услови за живот. Јавниот превоз мора да биде предвидлив, безбеден и достапен“, заклучи Шукова од Бутел
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска, таа го ослободи Заев за „Поткуп“, а судеше и за Ласкарци и за „Сопот“
Следна Статија Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

И СДСМ по ДУИ во одбрана на Марта Кос

СДСМ се јави околу реакциите за изјавата на еврокомесарката Марта Кос, оценувајќи дека според нив таа немала лоша намера, но…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје

На вчерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: На Вреди ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт

Првиот вицепремиер и еден од лидерите Вреди, Изет Меџити во интервју за Алсат изјави дека четворица пратеници од Европскиот фронт…

May 17, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?