Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути
МАКЕДОНИЈА

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Објавено July 27, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок се чувствува на ГП Табановце и ГП Пелинце, каде времето на чекање изнесува околу 45 минути, додека на ГП Богородица возачите чекаат околу 30 минути за излез од државата.

На останатите гранични премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, но надлежните предупредуваат дека состојбата може брзо да се промени со оглед на високата фреквенција на сообраќај.

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, но апелираат до возачите на зголемена претпазливост, особено во критичните делници низ планински и речни региони.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од одрони“, изјавија од АМСМ.

Најмногу возила има од и кон Србија и Грција, а засилено движење се очекува и во текот на викендот, кога се очекува нов бран на заминувања и враќања од одмор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Виктор Ѓокереш официјално нов играч на Арсенал
Следна Статија Хуманитарен конвој од Египет се движи кон Појасот Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крстевски: Кочани будно ќе го следи судењето, не дозволуваме „тргување“ со жртвите

Моменталната состојба во Кочани не е ништо подобро отколку од деновите после несреќата. Напротив, таа се влошува, бидејќи на некој…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ново рочиште на 15 септември: Одбиен предлогот за спојување на постапките во „Адитив“

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Звучни имиња од врвот на СДСМ во комуникацијата меѓу синот на Деко „Пулс“ и инспекторот Дацо: Зошто „свиркачите“ ги скриле разговорите во кои се спомнуваат Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Маринела Тушева?

Десеттина дена пред Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) да објави видео-сторија со досега необјавени снимки и документи од истрагата за трагедијата…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?