Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чонески: Крушево добива нова спортска сала, велосипедски патеки и комплетно решение за дивата депонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Чонески: Крушево добива нова спортска сала, велосипедски патеки и комплетно решение за дивата депонија
ПОЛИТИКА

Чонески: Крушево добива нова спортска сала, велосипедски патеки и комплетно решение за дивата депонија

Објавено October 12, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Крушево, Нико Чонески, на вчерашниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека се потребни промени и јасен план за работа во Крушево, затоа што општината е без насока и визија, со долгови и нерешени проблеми од повеќе области, за кои тој како кандидат за градоначалник има програма која нуди долгорочни решенија за чист воздух, водоснабдување, образование и развој.

„Нашето Крушево, гордоста на Македонија, денес е општина без насока, без идеја, без визија. Имаме општина која се дави во долгови. Денеска Крушево е општина со многу проблеми – од основни услови за живот, како вода, чист воздух и чиста животна средина, до образование и развој. Културниот живот во Крушево, кој беше синоним за живост и традиција, денес полека замира, оставен без поддршка и визија за иднината. Затоа нудиме програма што не е список на празни ветувања. Нашата програма е патоказ по кој ќе се движиме, но и домаќински даден збор кој ќе треба да го одржиме“, вели Чонески.

Кандидатот за градоначалник за општина Крушево, Нико Чонески ја презентираше програмата која вклучува многу проекти од повеќе области, кои ќе донесат решенија за проблемот со дивата градска депонија, со водоснабдувањето, како и изградба на спортска сала, обиколница, патеки за планински велосипедизам и санација на сите училишни сали.

„Што ветуваме во следниот период од 4 години: решавање на проблемот со дивата градска депонија, но и организирано собирање на сметот во селата, решавање на проблемот со водоснабдувањето во Општина Крушево, изградба на две нови полетишта за параглајдинг и змејарство, изведба на 40 километри патеки за планински велосипедизам, изградба на нова спортска сала, Изградба на обиколница. изградба на канализациони системи во Бучин, Св. Митрани, Врбоец, Алданци, Пресил, Норово, Саждево и Борино. Решенија за нови паркинг места, реновирање и санација на сите училишни згради, уредување на центарот на градот и фасадно уредување на Крушевската чаршија, организирање на повеќе културни манифестации и враќање на манифестацијата „Крушево етно град“ и многу други проекти од инфраструктурата, економијата, културата и образованието“, рече Чонески.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо
Следна Статија Филипче од Тетово: За Мицкоски “ресет на системот“ е да постави свои судии и обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози

Со 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир

Премиерот Христијан Мицкоски денес е на самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник, Република Хрватска. Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Трајчулески: Со ваков тип на етнонационализам и реторика ДУИ ќе почне да заликува на Златна зора во Грција и ќе го изгуби својот коалиционен капацитет (ВИДЕО)

Пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ во 24 анализа рече дека рече ДУИ никако не може да се снајде во опозиција…

April 4, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?