Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Големо признание: Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за 2025 – 2027
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Големо признание: Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за 2025 – 2027
ПОЛИТИКА

Големо признание: Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за 2025 – 2027

Објавено October 9, 2024 20:48
Сподели
Сподели

Со 168 гласа „за“, Република Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство.

Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, нашата земја е високо на листата на земји кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.

Инаку, Република Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
Следна Статија Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДИК го усвои календарот за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025,…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Арбен Зибери ја напушти ДУИ, му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на ДУИ, д-р Арбен Зибери, внук на Насер Зибери, решил да го продолжи својот политички ангажман заедно со…

February 10, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ,…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

Со што е уценет Таравари, па како млада невеста постојано ја прекинува свадбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, постојано ја менува приказната како што му одговара, па двапати влезе…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?