Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чувај ми парче: Споделувањето храна со партнерот може да ви ја зајакне врската
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Чувај ми парче: Споделувањето храна со партнерот може да ви ја зајакне врската
ЗАБАВА

Чувај ми парче: Споделувањето храна со партнерот може да ви ја зајакне врската

Објавено February 25, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Споделувањето на десертот може да го зајакне чувството на блискост во љубовта, посочува ново истражување објавено во американското научно списание „Пабмед“ (PubMed).

Оние ситни мигови на битка за последното парче чоколадо во чинијата, проследено со насмевки и шеги меѓу двајца во врска – имаат подлабоко значење отколку што тоа изгледа на прв поглед, сметаат научниците. Имено, во таквиот миг се ослободува серотонин и окситоцин, хормони во човековото тело што го зголемуваат чувството на задоволство, среќа и блискост. Секој заеднички залак е повеќе од вкус – ја зајакнува врската, се вели во написот.

Психолозите долго време ја проучуваат благотворноста од заедничкиот оброк, па истражувањата потврдуваат дека споделувањето храна, а особено слатките ја зајакнуваат емоционалната врска.

Интересно е тоа што научниците истото го забележале и кај шимпанзата, кои исто како и луѓето, ја делат храната со своите најблиски единки. Имено, друго истражување објавено во списанието „Просидингс оф д’ Ројал сосајетy“ (Proceedings of the Royal Society) покажа дека шимпанзото кое споделува оброци со своите блиски од опкружувањето, има поголема приврзаност кон тие единки, исто така – поради зголеменото ниво на окситоцин.

Споделувањето храна отсекогаш било симбол на доверба и блискост, а тоа, се чини – особено важи за слатките задоволства. Обичен миг исполнет со чоколадо, се вели, ќе се претвори во спомен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Редовно јадете ореви за да бидете попаметни
Следна Статија По Гранде Панда стигнува и Пандина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Утре е Чист петок

Утре, 27 февруари, е Чист петок, ден кој претставува претставува длабок духовен пресек кој ја означува победата на волјата над…

February 26, 2026
ЗАБАВА

Почина најстарата личност на светот, имаше 116 години: Таа ја откри тајната на нејзината долговечност

Најстарата личност на светот, калуѓерката Ина Канабаро Лукас, почина во среда на 116 години, откако едвај го преживеа детството и…

May 1, 2025
ЗАБАВА

Џенифер Лопез како “жешка“ каубојка: На одморот во Аспен позираше во бикини и крзнени чизми (ФОТО)

Џенифер Лопез ја прослави Новата година во Аспен, Колорадо, а за време на престојот во луксузното одморалиште сподели фотографии од…

January 4, 2025
ЗАБАВА

Ветеран на индустријата Хидеки Коно наводно го напушти Нинтендо по четири децении

Благодарност за сè, господине Коно

January 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?