Иако за многу згради се потребни месеци, па дури и години, за да се завршат, Кинезите ги поместија границите на она што е можно – изградија цела 10-катна станбена зграда за помалку од 29 часа.
Неверојатниот подвиг беше извршен во градот Чангша, а благодарение на револуционерниот систем „Жива зграда“, склопот изгледаше како да е излезен од научнофантастичен филм.
Групацијата „Broud“ користи свој систем од челик Б-јадро, за кој тврдат дека е десет пати полесен и сто пати појак од конвенционалните материјали, и е отпорен на земјотреси и тајфуни.
Кинези изградија 10-катна зграда за 28 часа
Оние кои не веруваат во изреката дека чудата се можни, ќе размислат двапати по оваа вест. Имено, во кинескиот град Чангша, компанијата „Broud Group“ презеде неверојатен подвиг – изградија 10-катна станбена зграда за само 28 часа и 45 минути.
Овој рекорден проект беше реализиран со помош на модуларен систем за градба наречен „Жива зграда“, кој овозможува брзо склопување на префабрикувани модули на лице место.