Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор
МАКЕДОНИЈА

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Објавено September 3, 2025 08:38
Сподели
Сподели

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен директор на АР, кој истакна дека  со  незаконското користење на капацитетите на Агенцијата за национална безбедност е направена штета врз правата и слободите на граѓанинот, истакнувајки дека Јавното обвинителство може многу лесно да ја лоцира одговорноста за сета злоупотреба врз основа на  поднесени известувања и  дигитална форензика, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„На тој начин е нанесена сериозна штета врз правата и слободите на граѓаните, нанесена е штета врз угледот на државата, разнишана е довербата во институциите од безбедносниот систем. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност работат по стрикни утврдени правила и принципи на работење, така да многу е лесно да се детектира каде е одговорноста. Во Агенцијата за национална безбедност треба да се утврди дали навистина постоела законска основа за одредено лице да биде таргет на службата, во медиумите преструеја информации дека се работи за следење на комуникации, меѓутоа не е само следење на комуникации доколку одредено лице е таргет на службата освен следење на комуникации има и физичко следење 24/7, така да, доколку ЈО сака вистински да ја утврди и лоцира одговорноста помеѓу раководителите и вработените, тогаш тоа може врз основа на известувања кои што се поднесени до сега, но и врз основа на дигитална форензика“, рече Чулев.

Чулев посочи дека реформите кои се донесени во времето кога Оливер Спасовски бил раководител на безбедносно разузнавачкиот систем се покажале како тотално неуспешни, укажувајќи  дека токму од тие причини сето  ова е поттик за нови реформи кои ќе конципираат транспарентна и одговорна разузнавачка служба.

„Реформите коишто ги правеше Оливер Спасовски после сите овие злоупотреби на системот очигледно се неуспешни, бидејќи не ги штитат интересите на државата и граѓаните, туку ги штитат интересите на одредени поединци и политички структури. Наместо реформите да вродат со плод, во смисла на поголема заштита на интересите на државата и на граѓаните тие доведоа да сегментите од разузнавачко безбедносниот сектор и самите продуцираат бројни безбедносни скандали и корупциски афери за што бевме сведоци , реформите се неуспешни затоа пак ни се случуваат злоупотреби во рамките на разузнавачко безбедносниот сектор. Од тие причини ова е добар поттик за да се спроведат вистински реформи коишто ќе конципираат една модерна разузнавачка служба којашто ќе биде одговорна, одржлива и транспарентна“, вели Чулев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…
Следна Статија Ѓоковиќ против Алкараз во полуфиналето на УС опен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДИК со официјални резултати: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 ќе има прегласување

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со врнежи од дожд, магла во котлините

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата

Шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава Михалис Рокас, денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со американската црна…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?