Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чупеска не исклучува коалиција на СДСМ со ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Чупеска не исклучува коалиција на СДСМ со ДУИ
ПОЛИТИКА

Чупеска не исклучува коалиција на СДСМ со ДУИ

Објавено June 5, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во гостување на подкастот „Претрес“ зборуваше за подготовките на партијата за претстојните локални избори, потенцијалните коалициски партнери, како и за лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

На прашањето дали Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дел од потенцијалниот коалициски спектар, Чупеска не ја исклучи таа можност, но нагласи дека не се работи за исклучок, туку за поширок пристап кон сите партии со кои може да се воспостави принципиелен однос.

„Ние сме спремни (да одиме во коалиција) со сите политички партии, вклучувајќи ги и ДУИ, доколку имаме принципиелен однос на почит“, изјави Чупеска. Таа додаде дека досега не постојат никакви разговори или контакти со ДУИ или нејзиниот лидер Али Ахмети. „Ништо такво не се случува“, рече таа.

Чупеска говореше и за претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за кого истакна дека има изразени лидерски способности.

„Јас гледам, во работата со претседателот Филипче, навистина има лидерски способности, иако тој се чини тивок. Таа негова тивкост не го онеспособува во лидерството, напротив – има исклучително длабока и голема мудрост којашто му дава можност за многу брзо и точно и исправни одлуки да донесува“, изјави Чупеска, нарекувајќи го Филипче „шеф“.

На прашањето кој е подобар политичар – Венко Филипче или Зоран Заев – таа даде дипломатски одговор:

„И двајцата се добри, ама на различен начин.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Џорџ Клуни се кае за новата фризура: „Ужасно е, можеби ќе си ја избричам главата“
Следна Статија Дали знаете што е „автопен“ што Трамп го нарекува „најголемиот политички скандал во американската историја“?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

На вчерашниот митинг во Крива Паланка во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место!…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?

Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. Главниот град е…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?