Дарко Чурлинов продолжува да ги тресе мрежите во разни конкуренции, донесувајќи ѝ реми 1:1 на полска Јагјелонија против Бетис во реваншот од четвртфиналето на Конференциската лига, но гостите од Шпанија ќе ѝ излезат на мегдан на Фиорентина во полуфиналето благодарејќи на победата од 2:0 во првиот натпревар.
Фудбалскиот репрезентативец на Македонија во 81. минута го анулира водството на Бетис три минути претходно преку Седрик Бакамбу, освојувајќи топка во противничкиот шеснаесетник и пласирајќи ја под голманот Франсиско Виеитес (видео во објавата на Икс најдолу).
Само пред четири дена токму 24-годишниот македонски напаѓач го постигна единствениот погодок во дербито на колото во полската Екстра класа против Легија среде Варшава.
Чурлинов во сезоната во која настапува како зајмен играч од Барнли досега има 7 гола и 4 асистенции за Јагјелонија.
❌️ Anota Churlinov para empatar el partido y recortar distancias en la eliminatoria.#JagielloniaRealBetis #ConferenceLeaguepic.twitter.com/a2uDts8wOo
— La Cruceta (@LaCruceta__) April 17, 2025