Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шабан Салиу: Не чувствувам апсолутно никаква вина за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Шабан Салиу: Не чувствувам апсолутно никаква вина за пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Шабан Салиу: Не чувствувам апсолутно никаква вина за пожарот во Кочани

Објавено June 5, 2025 16:13
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чуствува апсолутно никаква одговорност и вина.

На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа што беше опфатен со истрагата како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека не чуствува апсолутно никаква одговорност.

-Апсолутно во тој поглед не чуствувам одговорност, верувам во нашата држава, верувам во системот, верувам во правосудните органи, правилно ќе ги согледаат и аргументите и сите, да кажам, посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација и сум доктор по политички и правни работи, сум бил и адвокат, сум работел и по судовите. Оставам на совеста на државата да одлучи дали имам јас вина или немам. Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина, рече Салиу.

Во однос на истрагата, рече дека е потребна во одредени случаеви.

-Се водам од општата правна иницијатива, општата презумпција на невиност, се додека не се докаже дека некој е виновен, тој е невин, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната
Следна Статија Гаши контра Уставниот суд: Пратениците имале право на интерпелација против секој функционер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Кој му даде на Васил Јованов мобилен телефон во Шутка?

Отакако на социјалните мрежи се појавија фотографии од Васил Јованов човекот кој ја прегази Фросина Кулакова , како во затворот…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на Струмица Валандово поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?