Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели
ЗДРАВЈЕ

Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели

Објавено July 12, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овомзожени на товор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието. 

– Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на шест наместо три обиди за БПО на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација, истакна Клековски.

Дополнително, рече, Фондот го скрати времето на одлучување од три месеци на две недели. 

– Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за БПО, но и поедностави дел од адиминистратицниот процес, потенцира Клековски.

Новина е, информираа директорите, и тоа што се олеснува лекувањето во странство. 

– Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија. Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислење на Првостепената комсија со што се скратува процесот и обезбедеува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена, а се брише и склучување договори со странски болници поради неприменливост, нагласи Клековски.

Според ФЗО, се поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес
Следна Статија OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

70 отсто од граѓаните во Македонија користат телефон пред да заспијат

Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се…

March 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1…

July 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени

Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат…

July 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?