Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
СПОРТ

Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи

Објавено March 31, 2025 21:23
Сподели
Сподели

Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе со реакци по скандалозното однесување на одредени навивачи за време на едноминутниот молк со кој се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани на денешниот натпревар со Брера.

На стадионот во Тетово пред почетокот на средбата во минутата молчење од почит кон загинатите, одредени навивачи пееја песни и довикуваа.

  • Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.
    Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи.
    „Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството, стои во соопштението на „црвено-црните“ од Тетово.

Шкендија уште еднаш изрази жалење за ваквата состојба и го повтори својот непоколеблив став за почит кон изгубените животи и болката низ која поминува целото општество.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) „БМВ“ изгоре на влезот во Тетово
Следна Статија Стружанец градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридското Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три…

August 3, 2025
СПОРТ

Јан Облак ја побара раката на Олга Даниловиќ

Голманот на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид и словенечки репрезентативец Јан Облак ѝ предложи брак на српската тенисерка Олга Даниловиќ.…

June 13, 2026
СПОРТ

Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031…

September 20, 2025
СПОРТ

ПСЖ го доби дуелот на „богатите“ во ЛШ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Арсенал  го играа реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Парижаните беа поуспешни…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?