Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шкендија со многу мака го елиминира ТНС, следува Стеауа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шкендија со многу мака го елиминира ТНС, следува Стеауа
СПОРТ

Шкендија со многу мака го елиминира ТНС, следува Стеауа

Објавено July 16, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Екипата на Шкендија успеа со голема борба и доза на драма да се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, совладувајќи го велшкиот ТНС со 2:1 по продолженија, откако регуларниот дел заврши 1:1.

Натпреварот на националната арена во Скопје започна енергично од страна на Шкендија. Домашните уште во почетните минути ја погодија стативата, а создадоа и неколку опасни ситуации пред голот на Натан Шепард. Првиот погодок падна во 19 минута, кога капитенот Бесарт Ибраими маестрално асистираше, а Фабрис Тамба ја смести топката во мрежата на гостите.

Гостите од Велс возвратија во 38 минута, кога Џордан Вилијамс го искористи одбиениот удар и погоди за 1:1. Тоа беше и резултатот со кој се замина на одмор.

Вториот дел донесе возбудувања во самиот финиш. Во 83 минута судијата Сајат Карабајев од Казахстан досуди пенал за Шкендија, но по ВАР преглед ситуацијата беше поништена поради офсајд. Во последните моменти на регуларното време Тамба повторно се најде во шанса, но голманот Шепард одлично интервенираше и резултатот остана непроменет – 1:1.

Во продолженијата, тетовци притиснаа со сите сили. Клучниот момент се случи во 116 минута кога по ударот на Ибраими, топката беше одбиена од Шепард, а Фитон Адеми нафрли, па несреќно Џек Боденхам ја смести во сопствената мрежа за конечни 2:1.

Со оваа победа, Шкендија го продолжува својот европски сон и во следната рунда ќе се сретне со романскиот шампион СБ (поранешна Стеауа).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова, но има и уште два други кандидати
Следна Статија Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лаутаро или Дембеле, Сомер или Донарума, кој ќе го реши финалето?

ПСЖ и Интер, во сабота од 21 часот, во Минхен, ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. ПСЖ…

May 31, 2025
СПОРТ

В недела Алкалоид игра меч за историја

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела…

May 15, 2025
СПОРТ

(Видео) Бес во Барселона: Имаше фаул врз Мартин пред третиот гол на Интер

Интер е првиот финалист на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4:3 по продолженија во спектакуларниот реванш од…

May 7, 2025
СПОРТ

Пикси: Најдете си друг селектор ако не ви се допаѓа играта

Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикс, пред квалификацискиот дуел со Албанија во Тирана, најавуваше победа на неговата репрезентација, на крајот беше…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?