Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион
СПОРТ

Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион

Објавено August 6, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Македонската прволигашка сцена новата сезона која стартува во петок (8 август) ја почнува и со имплементиран ВАР-систем кој за првпат се воведува во Македонија.

Домашните прволигаши ќе може да играат единствено на стадиони кои ги исполнуваат минималните услови за имплементација на ВАР-системот, а кои им презентирани претходно на клубовите и кои мораа да ги исполнат до стартот на сезоната.

Сепак, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешната презентација пред медиумите околу функционирањето на ВАР-системот, откри и дека стадионот на Шкупи во Чаир не ги исполнува минималните услови за ВАР, и покрај тоа што претходно од ФФМ било обезбедено се за негова имплементација.

„Веќе е се подготвено за имплементацијата на ВАР-системот, со тоа што сега се останува на клубовите. Но, Шкупи не го исполни својот дел од обврските, не се поставени платформи за камери и климатизирана просторија, што од поодамна им беше предочено на клубот. Минималните услови не се исполнети, што значи дека нема да добијат дозвола да играат на тој стадион. Ќе мораат да си бараат решение“ – истакна првиот човек на ФФМ.

ФФМ помош околу имплементација на ВАР доби и од Македонски Телеком, па на останатите стадиони се подготвено за старт на ВАР во Македонија.

Шкупи во првото коло од новата сезона во ПМФЛ гостува на Шкендија во Тетово. Но, за следното, второ, коло како домаќин ќе мора да бара алтернативен стадион.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови контроли на УЈП: 30 % од контролираните со неправилности, затворени четири субјекти
Следна Статија Сакале да пукаат кон скопјанец, па нападнале полицајци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април

Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го…

February 5, 2025
СПОРТ

Навивачите на Вардар и Пелистер им оддадоа почит на загинатите кај Карпалак

  Навивачките групи на Вардар и на Пелистер им оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, на годишнината од…

August 9, 2025
СПОРТ

Кузмановски: Требаше да победиме, ги имавме Унгарците в раце

Ракометната репрезентација на Македонија беше на прагот на победа, но одигра реми (27-27) против големиот фаворит Унгарија на почетокот на…

January 16, 2025
СПОРТ

Нејмар се расплака по најтешкиот пораз во кариерата од 0:6: Навивачите имаат право да не пцујат

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?