Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина
СВЕТ

Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина

Објавено February 17, 2025 18:15
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на официјален Киев, неколку часа пред пристигнувањето во Париз на состанок на европските лидери, на кој ќе биде разгледан заедничкиот став за мировните преговори за Украина, јави ДПА.

На предизборниот митинг во градот Касел во покраината Хесен, централна Германија, Шолц рече дека е важно да се направи се што е можно за да се гарантира дека Европа ќе остане силна и обединета.

Имаме потреба од тоа поради Украина, имаме потреба од тоа за нашата сопствена безбедност“, рече Шолц, чија германска Социјалдемократска партија (СПД) заостанува во анкетите во Германија пред претстојните сојузни избори на 23 февруари.

Францускиот претседател Емануел Макрон го организира состанокот, чија цел е да го претстави европскиот план за акција по неколкудневните хаотични изјави од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На состанокот, исто така, ќе треба да се одлучи како да се одговори на барањето на САД да се разјасни дали лидерите се подготвени да ангажираат војници за мир во случај на прекин на огнот во Украина.

Елисејската палата соопшти дека состанокот е неформален, а на него ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ќе ти ги убиеме децата“, пишувало во пораката до Вучиќ
Следна Статија На Салах не му се оди од Ливерпул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Скандал околу шведскиот премиер: Користи вештачка интелигенција како „второ мислење“ за владини одлуки

Шведскиот премиер Улф Кристерсон е критикуван откако призна дека редовно користи алатки за вештачка интелигенција (ВИ) како „второ мислење“ при…

August 6, 2025
СВЕТ

Најмалку еден загинат при експлозија во продавница за играчки во Москва (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина во експлозија на плинска боца во една од најпознатите продавници за играчки во Москва, објавија руските…

August 24, 2025
СВЕТ

Висок функционер на Ким Џонг-ун уапсен поради дебаклот со лансирањето на воениот брод

Северна Кореја уапси четврти функционер поради неуспешното лансирање на нов воен брод, што го налути лидерот Ким Џонг-ун, објави државната…

May 26, 2025
СВЕТ

Зеленски: Најмалку 46.000 украински војници загинаа од почетокот на инвазијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 46.000 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?