Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шпанија испадна од Евробаскетот – Познат костурот во нокаут фазата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шпанија испадна од Евробаскетот – Познат костурот во нокаут фазата
СПОРТ

Шпанија испадна од Евробаскетот – Познат костурот во нокаут фазата

Објавено September 5, 2025 08:12
Сподели
Сподели

Актуелниот европски првак Шпанија го заврши учеството на Европското првенство. Во драматичен натпревар, во Лимасол, Грција ја победи Шпанија со 90:86.

Шпанците два пати се враќаа во натпреварот откако Грција имаше 16 и 15 поени предност, водеа со два поени два пати во финишот на крајот се самоуништија од линијата за слободни фрлања.

Грците предноста ја стекнаа во првата четвртина благодарение на неверојатниот шут за три поени, погодија осум тројки од 10 обиди.

Сепак во финишот Шпанија це врати во мечот, а во трилер завршницата пресуди реализацијата на слободните фрлања.

Нестварно звучи податокот дека Шпанците во последните 17 секунди од осум погодија само две слободни фрлања.

Победата на Грција ја однесе во осминафиналето Грузија, која во првото коло ја победи Шпанија и поради подобриот меѓусебен скор се пласира во нокаут рундата.

Грците ги предводеа Јанис Антетокунмпо и Тајлер Дорси. Крилниот центар на Милвоки Бакс постигна 25 поени, 14 скока и 9 асистенции, а бекот на Олимпијакос додаде 22 поени. Во составот на Серхио Скариоло, поените беа многу добро распределени, а најмногу се истакнаа Хаиме Прадиља (14 поени), Марио Сан-Супери (13 поени) и Санти Алдама (12 поени).

Осминафинални двојки ЕП и костурот до крајот на турнирот:

Литванија – Латвија (6 септември)
Грција – Израел (7 септември)

Турција – Шведска (6 септември)
Полска – Босна и Херцеговина (7 септември)

Германија – Португалија (6 септември)
Италија – Словенија (7 септември)

Србија – Финска (6 септември)
Франција – Грузија (7 септември)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воена вежба на НАТО, предводена од Германија, во Балтичко Море
Следна Статија Последното танго на Меси: Со два гола ја сруши Венецуела (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шест медали за македонските традиционални каратисти на шампионатот во Перу

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на ИТКФ светскиот куп за деца во Лима, Перу освојувајќи три златни,…

November 10, 2024
БАЛКАН

На грчка плажа волк нападнал петгодишно девојче од Србија

Волк се обидел да касне петгодишно девојче од Србија на плажа во Грција, а трагедијата била избегната благодарение на мирната…

September 14, 2025
СПОРТ

Винисиус откако не ја освои „Златната топка“: Тие не се подготвени

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор реагираше на одлуката да му се додели наградата „Златната топка“ на играчот од средниот…

October 29, 2024
СПОРТ

„Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“

Претседателот на Реал Флорентино Перез одржа говор на Ггенералното собрание на клубот. Тој уште еднаш го најави почетокот на Суперлигата…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?