Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти
ЗДРАВЈЕ

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти

Објавено April 18, 2025 18:44
Сподели
Сподели

Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а потоа и останатите специјалистички амбуланти.

– Наша цел е да се направи реконструкција и преадаптација за прегледи преку „Мој термин“. Речиси 90 проценти од целата процедура е завршена, имаме пуштено барање до Управниот одбор на Фондот за здравство и чекаме одобрување на потребните финансиски средства. Во план ни е процедурата да започне и да се заврши што е можно поскоро, вели Захариев.

Истакнува дека заедно со Општина Штип ќе се уреди и просторот околу модуларната болница, односно да се изгради паркинг и пристап до самиот објект.

Според анализите на Клиничката болница-Штип, лани низ сите амбуланти се прегледани над 150.000 пациенти, а најголема гужва има на Ортопедија и Хирургија.

– Ортопедија, Хирургија, Интерна медицина, Неврологија, Кардиологија е најголемата гужва. Само до септември 2024 година на Ортопедија имало над 24.000 прегледи. Тоа се должи на големата заложба на овие доктори, а ги има само четворица, вели Захариев.

По завршување на пандемијата модуларната болница се затвори, а неколку пати беше и мета на крадци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватска воведува задолжителен воен рок
Следна Статија Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

APTAMIL итно се повлекува од продажба во Македонија

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор…

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат дека заштитни маски НЕ се решение

Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните…

November 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку зеленчук и овошје во Европа,

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку овошје и зеленчук во Европа за разлика од…

March 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – Еве кога почнува имунизацијата

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во текот на следната…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?