Мексиканскиот напаѓач Хулијан Кињонес, кој синоќа го постигна првиот гол на Светското првенство 2026, ги пофали своите соиграчи и навивачите по стартната победа на Мексико од 2-0 над Јужна Африка.
„Среќен сум и возбуден што го постигнав мојот прв гол на Светското првенство на толку спектакуларен стадион и пред одлични навивачи. Исто така, важно е да истакнам што моите соиграчи направија за да ги обезбедат првите три бода“, изјави по натпреварот Кињонес.
Воведниот натпревар на Светското првенство се одигра на реновираниот стадион „Ацтека‘ во Мексико Сити пред 80.852 гледачи.
„Ја почувствувавме поддршката од навивачите во последните денови. Обединети сме и тоа беше навистина очигледно денес“, додаде Кињонес за официјалната веб-страница на Меѓународната фудбалска федерација
