Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници, наместо да се примат нови контролори, инженери и меторолози
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници, наместо да се примат нови контролори, инженери и меторолози
МАКЕДОНИЈА

Штрајк на контролорите на летање на 10 јули ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници, наместо да се примат нови контролори, инженери и меторолози

Објавено June 19, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Синдикатот на контролорите на летање на Македонија упатил предупредувачко писмо до Управниот одбор на М-НАВ дека на 10 јули контролорите стапуваат во штрајк и го затвораат небото ако не се спроведе Спогодбата од пред Нова Година со која се прекина тогашниот штрајк, ако итно не се престане со тајно менување на систематизацијата и со бутање непотребни партиски кадри место контролори, инженери и метеоролози, ако не се имлементира новиот АТМ (аеротрафик менаџмент) систем и не се изврши транзиција на новите технички системи.

Незадоволството екплодирало дополнително со најновиот оглас распишан од тројцата директори: Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Фатмир Зимбери, за несуштински, непотребни кадри – советници на директорите, потоа профили со средно образование и други измислени работни места, во ситуација кога недостасуваат нови и помлади контролори на летање.

Ристески е и претседател на Управниот одбор.

Извори во М-НАВ велат за САКАМДАКАЖАМ.МК дека таму ситуацијата веќе не е поднослива ,особено сега кога по избувнувањето на војната меѓу Израел и Иран, сообраќајот над македонскиот воздушен простор е зголемен и за 30 посто.

„По затворањето на небото над Иран и Израел, цел авиосообраќај се слева кај нас. Тоа е многу, многу зголемен број на прелети, а ние сме со стар систем купен во 2001 година. Новиот не е имплементиран. И тој, новиот веќе не е нов, купен е во 2014 година“, велат во М-НАВ.

„И во ваква ситуација со зголемен обем на работа, директорите вдомуваат советници и луѓе со средно образование. Веќе храниме 80 -ина луѓе на измислени и непотребни места, неиздржливо е. За жал штрајкот ни е единственото оружје“, велат контролорите со кои разговаравме.

За последниот оглас Министерството за финансии дало согласност за метеоролози и инженери, зашто четворица заминуваат в пензија речиси одеднаш.

„Како тие инженери и метеоролози се претворија во советници и среднисти, не ни е јасно и одговор треба да си даде управниот одбор со тројцата директори“, велат соговорниците.

Синдикатот во дописот вели дека нема веќе да чека и на Управниот одбор му дава рок до 30 јуни 2025 година да ги исполни барањата.

Во известувањето до директорите, се укажува дека АТМ-системот може секој момент да откаже, дека негови сегменти често прегреваат. На почетокот на мај, кога се одлучило дека не може, дека не било безбедно пред летната сезона да се имплементира новиот систем, Здружението на контролори на летање испратило конкретно и детално предупредување до директорите во Управниот одбор, со барање да се побара помош од соседните земји да ја преземат контролата ако се случи хаварија. Но, ни тоа не е направено.

Во предупредувачкото известување, Синдикатот го потсетува раководството дека М-НАВ ќе остане без осигурување од дејност (што е страшно зашто државата ќе треба да плаќа отштета во случај на авионска несреќа), дека над 9 месеци нема ангажирано компанија за обезбедување, нема инфраструктурни зафати, нема јавни набавки итн, обвинувајќи ги тројцата директори дека со несуштинските вработувања „ги отплаќаат своите фотељи“.

Извор: СДК

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
Следна Статија Експлодира ракетата „Старшип 36“ на Маск (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ.…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Гостивар, почина шестгодишно момче, му се слошило на тренинг

Дете на шест годишна возраст починало во Гостивар на фудбалски тренинг.  На детето му се слошило за време на тренингот,и…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“

Ден за високи гости беше реализиран денеска на армискиот полигон Криволак,  во рамките на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2025“.…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?