Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори
ПОЛИТИКА

Шукова за управувањето со отпад во Скопје: Граѓаните заслужуваат систем, а не изговори

Објавено October 15, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Во телевизиското соочување на Канал 5 со противкандидатот Орце Ѓорѓиевски, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, се осврна на актуелната состојба со управувањето на отпадот во градот и на реалните потреби за ефикасно решавање на овој проблем.

„Дали е преамбициозно да се создаде функционален систем за управување со отпад? Секако дека е амбициозно, земајќи ги предвид состојбите во Скопје. Но, невозможно е само ако продолжиме да се потпираме на лошо функционирачки систем и неспособни управни структури“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека состојбите во ЈП „Комунална хигиена“ се алармантни: голем дел од опремата не е во функција, а депониите и контејнерите се преполни. „Не може било која компанија да собира и транспортира отпад без соодветна дозвола. Ова мора да биде акција која е добро систематизирана и планирана, со јасен редослед прво главните булевари, а потоа и маалските улици“, појасни таа.

Каја Шукова истакна дека Скопје има потреба од организиран и одржлив систем за управување со отпад кој ќе вклучува селекција, намалување на количината на отпад и третирање на отпадот како ресурс, а не како проблем. „Не станува збор за изговори, туку за реални состојби и системски решенија кои ќе ги донесат конкретни резултати за граѓаните“, подвлече таа.

Таа посочи дека граѓаните се разочарани од нереализирани ветувања во изминатите четири години, кога ниту едно јавно претпријатие не функционираше како што треба. Несоработката меѓу Градот и општините, како и нефункционалните управни одбори, ја продлабочиле кризата во управувањето со отпадот и јавните услуги.

„Граѓаните заслужуваат ефикасност, ред и транспарентност. Тоа е она што го нудам конкретни решенија и реален план за чисто, организирано и одржливо Скопје“, заклучи Шукова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познатиот црногорски пејач се прости од Панчо: Од првиот ден те гледав како бра
Следна Статија Орце Ѓорѓиевски очекува победа во Скопје уште во првиот круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп

Поранешниот претседател Стево Пендаровски вечерва изјави дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација. Многу е…

March 8, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ на изборите на 16 март

Претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16…

February 21, 2025
ПОЛИТИКА

АНКЕТА НА ИПСОС И ИПИС: Убедливо водство од 25-28% на ВМРО-ДПМНЕ пред сите останати партии

За потребите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, ИПСОС и ИПИС спроведоа теренска и телефонска анкета според која доколку оваа недела би…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?