Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите
ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Објавено October 17, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на вчерашната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост.

„Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што се развива со луѓето, за луѓето“, изјави Шукова.

Таа нагласи дека клучна цел е воспоставување баланс во урбаниот развој меѓу јужниот и северниот дел на градот.

„Неконтролираната градежна експанзија јужно од Вардар ја надмина инфраструктурата и го ’задуши’ градот. Затоа ќе се фокусираме на развој на нови станбени населби северно од реката Вардар, каде што ќе се вложува во нова инфраструктура, со што ќе се привлечат инвестиции и ќе се обезбеди рамномерна урбана слика“, рече таа.

Во делот за сообраќајната инфраструктура, Шукова најави пренасочување на приоритетите – од автомобилите кон луѓето. „Скопје мора да премине од град на автомобили во град на луѓе. Пешаците и велосипедистите ќе бидат на врвот на сообраќајната пирамида. Центарот ќе го претвориме во пешачка зона, а новите булевари на северот ќе овозможат подобра поврзаност меѓу истокот и западот, без дополнителен притисок врз градското јадро“, потенцираше Шукова.

Посебен акцент стави на зелените површини, како предуслов за квалитетен и здрав живот. Таа најави изградба на 15 нови паркови за 15 месеци, подигање на Ботаничката градина кај ЈП „Паркови и зеленило“, пошумување на ободот на градот како продолжение на Водно и уредување на пешачко-велосипедската патека долж Вардар до Сарај.

„Зелените површини се белите дробови на градот. Скопје мора повторно да дише. Затоа ќе вложуваме во паркови, јавни простори и чиста животна средина“, рече таа.

Шукова ја претстави и долгорочната визија за развој на Скопје во наредните три децении, која, како што нагласи, ќе се темели на холистички пристап што комбинира одржливост, иновации и инклузивност. „Граѓанинот ќе биде во центарот на планирањето. Сакаме Скопје да биде креативен, отпорен и зелен град – место каде што луѓето живеат, работат и инвестираат во здрава и човечка средина“, порача Шукова.

„Ова е визијата за Скопје за која се бориме – град што ја почитува својата историја, но храбро гледа кон иднината“, заврши таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари, Аеродром ќе биде најповрзаната општина, најави Ѓорѓиевски
Следна Статија Грчкиот парламент го усвои законот за 13-часовен работен ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена”

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?