Најдобриот фудбалер и најдобриот тенисер на сите времиња Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ имаа можност да се дружат синоќа, во рамките на Мастерсот во Мајами.
Меси беше специјален гостин на мечот меѓу Ѓоковиќ и Григор Димитров по што се симна во неговата соблекувалната и двете суперѕвезди си разменија подароци.
Голема чест и задоволство, многу ми значи што Лео дојде. Мислам дека првпат играм пред него во живо. Му благодарам што е тука со семејството. Му се восхитувам, како и повеќето луѓе во светот, бидејќи има неверојатна кариера. Ние сме на иста возраст, 1987 година, и убаво е што е тука“, изјави по мечот Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Меси потоа се запознаа, а ги поврза поранешниот аргентински тенисер и пријател на Меси, Хуан Мартин дел Потро. Меси и Ѓоковиќ си разменија подароци и се фотографираа заедно. Ѓоковиќ му подари на Меси маица со натпис: „На семејството Меси, со љубов“.

Ѓоковиќ на Меси му подари потпишана маичка, од оние со кои настапува на турнирот, додека аргентинскиот ас му возврати со дрес од својот клуб Интер Мајами.