Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Време е за нова приказна во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Време е за нова приказна во Скопје
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Време е за нова приказна во Скопје

Објавено September 25, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, одржа отчет за својата четиригодишна работа и ги претстави реализираните проекти, нагласувајќи дека општината доживеала вистинска трансформација.

  • „Четири години заедно ја пишувавме новата приказна на Кисела Вода. Почнавме со многу предизвици, но денес резултатите се видливи насекаде,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека во изминатиот мандат биле обновени над 70 километри улици и патишта, изградени нови водоводни и канализациони линии и создадени над 80.000 квадратни метри зелени површини. Ѓорѓиевски нагласи дека со отворањето на пет нови и пет доградени градинки, целосно е укината листата на чекање за згрижување деца во општината.

Во образованието, според него, биле дигитализирани училиштата, поставени фотоволтаици, а по еден век започнала изградба на ново училиште „Св. Климент Охридски“ во Драчево. Посебен акцент беше ставен и на спортот – 22 нови игралишта, 16 спортско-рекреативни центри, нови спортски сали и реконструкција на салата „Расадник“, како и изградба на затворен базен.

  • „Кисела Вода стана првата целосно дигитална општина во Македонија и дел од меѓународни мрежи за отворена власт и соработка. Во културата повторно отворивме кино и библиотека, а во животната средина исчистивме 246 диви депонии и поставивме систем за мониторинг на воздухот,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој ја промовираше и својата наследничка во општината – Бети Стаменковска Трајковска, за која рече дека ќе ја продолжи започнатата работа во Кисела Вода.

  • „Јас, пак, заедно со вас ја барам поддршката за следниот чекор – Скопје. Главниот град заслужува ренесанса со нова енергија, инвестиции, чист воздух, функционален јавен превоз и културен живот по мерка на граѓаните,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на граѓаните за довербата и додаде дека најдоброто допрва доаѓа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Хутите испукаа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени
Следна Статија Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на силна победа на локалните избори, очекуваме поголем број на општини, повеќе и од 2021

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панел дискусијата организирана од Партиски истражувачко – аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

Во Кавадарци денеска на 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде реизбран Христијан Мицкоски за лидер на партијата, кој…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре напладне „Марш за ангелите“ во Скопје

Утре со почеток во 12.05 минути на Градскиот плоштад во Скопје, ќе се одржи „Марш за ангелите“ во организација на…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?