Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
ПОЛИТИКА

Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори

Објавено November 26, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат. 

– Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам, рече Арсовска.   

Прашана дали со последните случувања со ЈСП е отпочната кампањата за локалните избори, Арсовска рече дека нема да навлегува во политичките агенди, но дека граѓаните се доволно патентни и ќе можат да проценат кои се оние кои можеле да го решат пробемот со јавниот превоз во изминатите три години.

– Ако некој кажува дека овој проблем ќе го реши следната година по локланите избори, прашајте го затоа што не го решил досега. Затоа што Советот е оној којшто можел одлуката за набавка на нови автобуси да ја донесе пред три години. Зошто таква одлука не е донесена треба да ги прашате нив. Да можеше без одлука на Совет, Град Скопје да функциоонира и да можеше да направи јавна набавка, досега ќе беше направена, рече Арсовска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне
Следна Статија Изградба на дата-центар и дигитализација на најупотребуваните јавни услуги, предвидува Буџетот за 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трифун Костовски се враќа во политика

Трифун Костовски се враќа во политика. На социјалните мрежи повика граѓаните да му се приклучат. „Партијата ќе биде составена од…

May 29, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски!

„Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски го…

March 18, 2026
ПОЛИТИКА

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?