Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изградба на дата-центар и дигитализација на најупотребуваните јавни услуги, предвидува Буџетот за 2025
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изградба на дата-центар и дигитализација на најупотребуваните јавни услуги, предвидува Буџетот за 2025
МАКЕДОНИЈА

Изградба на дата-центар и дигитализација на најупотребуваните јавни услуги, предвидува Буџетот за 2025

Објавено November 26, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Вкупниот проектен буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација за 2025 година е поголем за 200 проценти, споредено со претходните години – од 154 милиони денари во 2023, 182 милиони денари во 2024, на 365 милиони денари во 2025 година, информираше денеска портпаролот на Владата Марија Митева.

Нашата цел како Влада, нагласи Митева, е да го трансформираме македонското општество во дигитално општество.

Дигиталната трансформација значи посилна поврзаност и подобра иднина за сите нас. Затоа за само неколку месеци по преземањето на власта предвидовме нови 80 електронски услуги, зголемена поврзаност на институциите и фокус на сајбер безбедноста. Преку овие проекти и вложувањето во дигитализацијата ја осигуруваме нашата позиција во дигиталниот свет, истакна Митева.

Во делот на поединечните проекти за 2025 година предвидена е изградба на современ примарен податочен дата центар во Скопје, каде сите органи на државната управа ќе ја ко-лоцираат својата опрема.

Со ова државата ќе оствари значителни заштеди за ко-локациски услуги. Тоа значи вклучување на ладење, безбедносни системи, противпожарни системи, надзор и одржување на просториите, а од друга страна ќе овозможи забрзана дигитална трансформација, изјави Митева.

Очекувана вкупна сума на проектот, посочи Митева, е до 40 милиони евра, а со Буџетот за 2025 година предвидени се два милиони евра за изработка на физибилити студија и утврдување на локацијата и начинот на обезбедување на одржливост.

Обезбедени се и 40 милиони денари во Буџетот и преку останати проектни фондови. Митева најави дека Владата ќе работи на дигитализација на најупотребуваните јавни услуги за граѓаните и компаниите – електронско испраќање барања и добивање на потребните документи преку компјутер или паметен телефон.

Се дигитализира добивањето државјанство во МВР, услугите на Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Катастарот. Тоа значи дека ќе обезбедиме повеќе од 200 нови услуги на порталот на uslugi.gov.mk, што ќе ја дуплира бројката на достапни услуги, изјави Митева.

Преку проектот во вредност од 60 милиони денари ќе се работи и на системско поврзување на институциите за споделување на документи. Засега само 20 институции користат заеднички систем за електронско работење, а со проектот тој број ќе се зголеми за најмалку 10.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
Следна Статија Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари!

Бугарската национална телевизија објави прилог посветен на селото Боровичане во општина Петрич кое е на неколку километри од границата со…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Правдата е бавна, но доаѓа: Наќе Чулев бил незаконски отпуштен, утврдил судот

По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Преговарачката рамка не се менува, уставните измени се клуч за напредокот кон ЕУ

Европската Унија нема намера да ја менува преговарачката рамка за Македонија, а напредокот на земјата кон членство останува директно поврзан…

March 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?