Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски и Лукровски најавија нов МЕГА парк кај Лепенец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски и Лукровски најавија нов МЕГА парк кај Лепенец
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски и Лукровски најавија нов МЕГА парк кај Лепенец

Објавено October 6, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Денес сме на просторот покрај реката Лепенец, место кое со години беше запоставено, а сега ќе стане симбол на еколошка обнова и современо градско живеење. Со проектот за изградба на Мега парк – Лепенец, ќе го претвориме ова подрачје во современ зелен простор уреден по европски стандарди, вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Како што посочи Ѓорѓиевски, паркот ќе се простира по течението на реката Лепенец, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, и ќе опфаќа површина од над 300.000 квадратни метри. Тој ќе биде првиот мегапарк што ги поврзува повеќе скопски општини и ќе биде наменет за сите граѓани на Скопје.

„Ќе создадеме нова урбана оаза за рекреација, спорт и семејни активности, со што ќе му го вратиме животот на заборавеното градско ткиво. Паралелно со тоа, предвидуваме воспоставување зелени коридори по целата должина на реката Лепенец, со пешачки и велосипедски патеки кои ќе ги поврзуваат населбите, парковите и јавните институции. Овој проект ќе го интегрира Лепенец во животот на градот и ќе го претвори во симбол на урбана поврзаност, чиста животна средина и граѓанска гордост, истакна Ѓорѓиевски во својата Фејсбук објава.

Тој додава дека нивната визија за зелено Скопје не застанува тука и дека ќе ја зазеленат секоја скопска општина преку низа капитални парковски проекти.

„Мега парк Вардариште, што ќе ја претвори поранешната депонија во европски пример за зелена рекултивација, Градска шума „Расадник“ во Кисела Вода – најголемиот зелен проект во урбано подрачје, мега парк долж булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, првиот зелен коридор од ваков обем во Бутел, како и проектот „Скопски зелен архипелаг“, кој предвидува 50 нови маалски паркови низ сите делови на градот. Дополнително, ќе извршиме целосна обнова на Градскиот парк во Скопје и Паркот на природата Гази Баба, со што двата најголеми еколошки симболи на градот ќе добијат нов живот и современ изглед“, нагласи Ѓорѓиевски.

Кога зборуваме за Карпош, како што вели Ѓорѓиевски, мора да ја споменеме и патната инфраструктура, која е темелот на еден функционален град.

„Во овој дел, еден од најважните проекти е доизградбата на булевар „Љубљанска“. Со комплетирањето на делот од завршениот мост до улицата „Скупи“, ќе се воспостави клучна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје. Ова ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, ќе се растовари метежот на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“, и ќе се овозможи побрз и побезбеден проток кон обиколницата. Со пробивањето и поврзувањето на улицата Љубљанска со влезот во Бардовци, ќе се отвори нова сообраќајна оска, но и ќе се предвиди современо техничко решение за влезот во селото – со кружен тек или адаптивна семафоризација“, објаснува Ѓорѓиевски, додавајќи дека целта е да се спречи метежот, да се заштити културното наследство кај локалитетот Скупи и да се обезбеди безбеден проток на возила и пешаци.

Тој посочи и дека морал да ја истакне и клучката „Момин поток“, чие завршување вели дека е повеќе од потребно.

„Со забрзаната доизградба на овој инфраструктурен јазол, конечно ќе се деблокира едно од најоптоварените сообраќајни крстосници во градот и ќе се овозможи полесно поврзување на северозападниот дел на Скопје со централните и индустриските зони. Исто така, приоритет ќе биде и реконструкцијата на улицата „Загребска“, која е од витално значење за функционирањето на Детската болница „Козле“. Оваа улица не е само пристап за жителите, туку и за возилата на итната медицинска помош, што ја прави нејзината санација прашање од јавен интерес и безбедност. Со овие проекти и во оваа и во сите останати општини, градиме град по мерка на човекот. Град во кој зеленилото, мобилноста и квалитетот на живот одат рака под рака, заклучи Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош
Следна Статија Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22 часот?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека владее „молк и паника“ во…

February 27, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за Касами: Без потреба влегува во фолклорот на опозициската ДУИ

Етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече вниманието во јавноста и да се добијат гласови. Оваа…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

За градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична пријава било политички притисок

Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?