Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје

Објавено October 30, 2025 20:56
Сподели
Сподели

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков град сакаме да имаме ние и во каков град сакаме да живеат нашите деца. Нашиот град е уморен од хаос, уморен е од нечистотија, од сообраќаен метеж во кој губиме часови од нашиот живот, од празни ветувања и од неспособност, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.

Ѓорѓиевски посочи дека Скопје е град со сериозни, длабоки и наталожени проблеми и овие проблеми не се решаваат со учење во од и со празни фрази, туку бараат сериозни, искусни и итни решенија.

„На Скопје не му требаат експерименти, на Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа. Не му требаат луѓе кои допрва ќе откриваат што е тоа Генерален урбанистички план, што е Детален урбанистички план, што е физибилити студија, што е главен проект, а што е буџетско планирање“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој вели дека градот бара човек којзнае што прави уште од првиот ден, затоа што Скопје нема време за губење, ниту пак за учење.

„Немаме време некој допрва да учи колку училишта има во Скопје, да учи колку претпријатија има, да учи кои се булеварите во главниот град, да ги учи каде се скопските населби. Ние во изминатите четири години докажавме како се работи, а пред неколку дена на дуел, нивното незнаење, лажната скромност и преголемата амбиција и доживеа целосен дебакл“, рече Ѓорѓиевски.

Во обраќањето до скопјани, Ѓорѓиевски истакна дека сега пред нив ја бара довербата со дела оставени зад него, посочувајќи дека за Кисела Вода вети 70 километри асфалтирани улици, и испорача, вети нови градинки, и тоа го реализиравме, и листите на чекање ги сведуваме на нула.

Ѓорѓиевски рече, имаме јасен план, со стотици проекти во програмата и знааат како да го решат сообраќајниот колапс.

„Ќе ја одблокираме клучката Момин Поток, ќе го пробиеме булеварот Хрватска за да ги споиме Гази Баба и Бутел, ќе го завршиме булеварот АСНОМ со новиот мост за да ги споиме Аеродром и Гази Баба, ќе го прошириме булеварот Цветан Димов во Чаир со шест ленти. Ќе го изградиме Февруарски Поход со нов мост преку Вардар, со кој Аеродром добива целосно нов коридор, ќе воведеме трета лента на булеварот Александар Македонски за да нема повеќе хаос на источниот дел од градот. Ова не се само линии на хартија, ова се артерии кои ќе го оживеат градот“, истакна Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Армијата во Словенија излегува на улица
Следна Статија Ердоган до Мерц: Израел спроведува геноцид во Газа, а Германија тоа не го признава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Владата сопствените неуспеси ги прикрива со клевети против Албанците и ДУИ

За сè што не функционира во оваа држава, виновни се ДУИ и Албанците. За настаните од 28 Ноември, виновна е…

July 13, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ

Софија Куновска, гостуваше во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Таа говореше за причините поради кои што ја напуштила…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?